Author: Sofija Dizdarevik

Историски најниска доверба од граѓаните за СДС и Венко Филипче. Лошата комуникациска стратегија, небулозните соопштенија и прес-конференции полни со клевети, навреди и непристоен речник доведоа до пад на рејтингот на партијата и министерот на 4,9% односно 3,6%. Сепак, Венко Филипче не покажува загриженост за својот и за рејтингот на СДС, кој континуирано опаѓа од анкета до анкета. Посебно негативно се оценува менаџментот на новиот партиски ПР-шеф, Башановиќ, чија комуникација, според критичарите, не ги достигна очекувањата и целосно потфрли, додека Филипче продолжува да функционира во свој „паралелен универзум“, ова го велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено за јавноста. Со месеци ги…

Повеќе

Дамјан Гацов, на 22 години, е официјално именуван за помошник-тренер на универзитетскиот кошаркарски тим на Универзитетот „Стентон“ во Лос Анџелес. Со тоа, тој станува најмладиот Македонец кој некогаш бил дел од стручен штаб на еден американски универзитетски тим. Гацов е студент на трета година на студиите за спортски менаџмент и бизнис-администрација, преку кои го комбинира своето кошаркарско искуство со академско знаење. Универзитетот, како што велат од таму за МИА, ги препознал потенцијалот и работната етика на Гацов и решил да му даде шанса да биде дел од професионалниот тренерски тим, што ретко се случува со студенти на оваа возраст. Неговата…

Повеќе

На 30 март 2026 година, во 11:25 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А. (22) од село Лисец, тетовско, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело според член 216 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово за издржување на казната.

Повеќе

На 31 март 2026 година, во 01:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д. (34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Претходно, околу 01:30 часот, во полициската станица се јавило машко лице пријавувајќи сомневање за убиство на член од своето семејство. Полициските службеници веднаш излегле на терен, и во куќата е пронајден починатиот К.Д. (63) од Гостивар со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата. Поради сомнение за убиство, веднаш бил приведен неговиот син. Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по…

Повеќе

Неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија беше 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно добивме и продолжен викенд. По овој споен викенд, наскоро уште еден. 10 април е Велики Петок, 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, па добиваме 4 дена одмор. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени…

Повеќе

Синоќа, жители на Ростуше доживеаја непријатен момент откако голема мечка се појави на паркинг во селата, прошета меѓу возилата и предизвика вознемиреност. Кучињата во околните дворови почнале гласно да лаат. Мештаните успеале да ја снимат мечката и видеото се појави на социјалните мрежи, каде јасно се гледа дека се работи за голема мечка. Засега нема информации дека некој е повреден, а според првичните согледувања, мечката најверојатно подоцна се упатила назад во шумата. Инаку, името на селото Ростуше првпат се споменува како Радостоуше во 1426 година. Во непосредна близина на селото, на левиот брег од реката Радика, се наоѓа познатиот Бигорски…

Повеќе

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно покажа дека личните интереси и партиската контрола му се поважни од државата и националните интереси. Неговата посета на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, имаше за цел договарање на враќањето на поранешниот премиер Никола Груевски и рушење на правниот систем во земјава. Мицкоски му ги исполни сите ветувања на Орбан – обезбеди непречено задржување на Груевски во Унгарија, не задолжи 1 милијарда евра, отвори пат за влез на компанијата 4iG во телекомуникациите и следува влез на ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT во енергетиката, велат денеска од опозициската СДСМ, преку соопштение упатено до јавноста. -Во…

Повеќе

На 29 март 2026 година, во 22:00 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Инцидентот избувнал по претходно недоразбирање, при што Б.И. (41) од една страна се впуштил во физичка пресметка со М.С. (50) и Ѓ.П. (42), сите од Скопје. За време на интервенцијата, Б.И. се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија, по што бил приведен и спроведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, надлежните органи ќе поднесат соодветни кривични и прекршочни поднесоци. Случајот ја потенцира потребата од брза реакција на полицијата…

Повеќе

На 29 март 2026 година, во 17:43 часот, во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:10 часот на подрачјето на Бит Пазар, И.К. (51) од Скопје бил физички нападнат од едно лице. Како резултат на нападот, тој се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Полицијата веднаш презема мерки за расчистување на случајот, при што се собираат докази, се прибираат изјави од сведоци и се преземаат активности за идентификување и приведување на сторителот. Надлежните органи апелираат до граѓаните кои имаат информации за настанот да соработуваат за побрзо расчистување на случајот.

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.А. (60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 20 март 2026 година, во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата сопруга, при што ѝ нанел тешки телесни повреди. По документирање на случајот, надлежното обвинителство ќе продолжи со натамошно постапување.

Повеќе