Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР се огласи: Се врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола
    • Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ
    • Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта
    • Меси добива титула „Почесен доктор“ од Универзитетот во Буенос Аирес
    • Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
    • Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
    • Детали за злосторството ја шокираат јавноста: Го убила 2-годишниот син, па изговорила морничави зборови
    • Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Родители на жртвите ќе му поставуваат прашања – Коста Кецмановиќ ќе сведочи во постапката против родителите

    Родители на жртвите ќе му поставуваат прашања – Коста Кецмановиќ ќе сведочи во постапката против родителите

    25.03.2026 во 10:421 Min Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Малолетниот Коста Кецмановиќ, кој во 2023 година изврши незапаметен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, денеска ќе сведочи на Суд против своите родители. Нападот, кој ја потресе цела Србија и поширокиот регион, одзеде живот на осум деца и двајца наставници, додека повеќе од дваесетина ученици беа повредени. Ова злосторство остави длабока траума кај целата заедница и отвори прашања за безбедноста во училиштата и надлежностите на родителите.

    Кецмановиќ ќе сведочи пред Специјалниот суд во повторената кривична постапка против неговите родители, Миљана и Владимир Кецмановиќ, кои се обвинети дека не презеле соодветни мерки за да го спречат инцидентот. Момчето прво ќе биде испрашувано од судијата, а потоа прашања ќе му поставуваат обвинителите, адвокатите на одбраната, како и родителите на жртвите и нивните адвокати.

    Ова ќе биде трет пат малолетникот да сведочи во текот на постапката против своите родители, при што се очекува неговата изјава да даде клучни информации за околностите што довеле до трагедијата.

    Судењето е затворено за јавноста, со цел да се заштити малолетникот и неговата психолошка состојба, како и приватноста на семејствата на жртвите.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект

    06.10.2026 во 19:15

    Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње

    06.10.2026 во 18:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.