Author: Sofija Dizdarevik

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамет Хоџа, посветена на напредокот и предизвиците во спроведувањето на ИПА-проектите во секторот животна средина. Како што соопшти Министерството за европски прашања (МЕП), на средбата беше истакнато дека и покрај значајната финансиска поддршка од Европската Унија, реализацијата на проектите се соочува со одредени тешкотии, особено во апсорпцијата на средствата, административниот капацитет и спроведувањето на јавните набавки. -Посебно внимание беше посветено на статусот на клучните инфраструктурни проекти, при што дел од нив се соочуваат со доцнења, неуспешни тендерски…

Повеќе

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Т. (53) од Струмица, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Според соопштението, во периодот од 2023 до 2025 година, пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица, им давала пари на заем и за себе договарала и наплатувала несразмерно висока камата, со што стекнала противправна имотна корист. Машко лице, кое неколку пати позајмило пари од неа, откако не успеало да ја плати каматата, добивало закани по својот живот и животот на членовите на неговото потесно семејство. На 26 февруари 2026 година, пријавената се договорила со оштетениот да се…

Повеќе

Јавното обвинителство денеска соопшти дека синот кој го убил таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие траговите од делото, при што телото на починатиот го измил и подготвувал за погреб. -Настанот бил откриен по пријава од анонимен граѓанин, кој повикал од странски телефонски број. На местото на настанот веднаш излегле полициски службеници, а увид извршиле јавен обвинител и тим од судска медицина, по што веднаш била наредена обдукција, наведува Јавното обвинителство. Според објавеното, 33-годишниот осомничен започнал семејна расправија со таткото поради претходни недоразбирања, по што физички го нападнал, удирајќи го со рака и со тврди метални предмети, додека не…

Повеќе

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис во средни училишта за учебната 2026/2027 година. Според конкурсот, во сите 109 јавни средни училишта во државата се предвидени над 25.000 слободни места. Од нив, повеќе од 17.000 се наменети за стручно образование, речиси 6.000 за гимназиско образование, а 570 места се резервирани за уметнички профили. Учениците ќе можат да се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk, користејќи посебна најава преку своите кориснички сметки на schools.mk. По електронската пријава, потребната документација ќе се доставува директно во училиштата каде што учениците конкурираат. За јунискиот уписен рок се предвидени две пријавувања: првото од…

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиески, на својот Фејсбук профил најави дека веќе неколку дена се преземаат конкретни активности на Водно, со цел да се подобри квалитетот на престојот и да се унапреди изгледот и функционалноста на оваа парк-шума. -Грижа за Водно, душата на градот! Водно е местото каде што граѓаните го наоѓаат својот мир, свеж воздух и природна убавина што го збогатува секојдневието. За скопјани – засолниште, инспирација и неизбежен дел од секојдневието. Токму затоа, во пресрет на периодот кога значително се зголемува посетеноста, Град Скопје презема засилени и конкретни активности со цел да се подобри квалитетот на престојот…

Повеќе

Најстудено утрово е на Попова Шапка, каде што се измерени -3 степени и снежна покривка од 57 сантиметри, а температура под нулата е забележана и во Маврови Анови (-1 степен). Нула степени се регистрирани во Лазарополе и Крушево, 1 степен во Ѓуриште, Пожаране, Радовиш и Пожар, 2 степени во Берово и Тополчани, 3 степени во Претор, 4 во Охрид, Крива Паланка, Битола, Прилеп и Штип, 5 во Виница, Тетово, Струмица и Куманово, 6 степени во Скопје – Зајчев Рид, Велес, Демир Капија и Кавадарци, и 8 степени во Гевгелија. Според податоците на УХМР, во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало…

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т. (40) и М.Д. (43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Според пријавата, на 7 февруари 2026 година, првопријавената, поранешна вработена во еден угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот на објектот со закана дека ќе објави на социјалните мрежи фотографии кои наводно ја прикажуваат несоодветната постапка со храната, со цел да создаде негативна слика за угостителскиот објект, доколку не биде вратена на работа или не ѝ се исплатат 5.000 евра. Во извршувањето на делото ѝ помогнал второпријавениот, кој учествувал во реализацијата на заканата.

Повеќе

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи, денеска започнува национална превентивна кампања со цел зголемување на безбедноста на пешаците во сообраќајот. Кампањата опфаќа низа активности, вклучувајќи едукативни содржини, јавни настани, работилници, медиумски пораки и теренски акции, со посебен фокус на правилно користење на пешачките премини, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно движење во урбаните средини. Во рамки на кампањата ќе се одбележи и „Недела на пешаците“, која ќе трае од 1 до 7 април, при што во соработка со МВР ќе се организираат превентивно-едукативни работилници за пешаците. Настаните имаат за цел да…

Повеќе

Поданоста и слепата послушност кон Зоран Заев, Венко Филипче го чини топење на, и така неговиот и партиски слаб рејтинг, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. На Филипче и СДС, не им беа доволно и не извлекоа поука од последователните катастрофални изборни порази, каде дојдоа на одвај 130 илјади гласа, па продолжи дословно да ги исполнуваат желбите на Заев, со поставување на негови луѓе во раководните партиски тела, и да слушаат лоши ПР совети од Башановиќ. Во Филипче и СДС веќе никој не верува, довербата од граѓаните им се сведе на минорни 3,6% и 4,5% рејтинг. Меѓу ретките кои сè…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во Париз во рамки на работна посета, каде ќе оствари низа средби со високи претставници на Француската Република. Во текот на денот, тој ќе се сретне со министерот за Европа, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот Емануел Макрон. Според соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, главната цел на овие разговори е натамошното унапредување на билатералните односи меѓу двете држави, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, како и размена на мислења за актуелни…

Повеќе