- Голема романса за три знаци
- Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики
- САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан
- Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот
- Метео пресврт: Прво дожд и облаци, а потоа нè очекува голем скок на температурите
- Ескалација во Иран: Бомбардирани престижни универзитети во Техеран и Исфахан
- Во земја за цвеќиња скриле повеќе од 1,1 тон кокаин
- Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената
Author: Sofija Dizdarevik
СДС се добро запознаени со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, човек на црната листа на САД поради сомнежи за корупција и злоупотреба на влијание на Балканот, вклучително и Македонија. СДС знаат кои се фирми се поврзани со Дака и како се викаат фирмите во негова сопственост. Ова го велат од ВМРО-ДПМНЕ, во соопштение упатено до јавноста. Тоа е така затоа што човекот со контроверзно минато бил бизнис партнер на нивниот претседател во сенка, Зоран Заев, кој сè уште ги влече конците во СДС и управува со Венко Филипче. Македонската јавност за постоењето на Давидовиќ – Дака дозна во…
Сериозно сме посветени на инвестициите, Буџетот во моментов е во одлична кондиција, а Министерството за транспорт е рекордер во работење годинава со 65 отсто реализација на капиталните инвестиции досега, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на „Топ тема“ на ТВ Телма. -Буџетот е во одлична кондиција и доколку се соочиме со ситуација на продолжена воена криза, со добро планирање ќе дадеме сериозни одговори. Има сет мерки што ги чуваме како резерва доколку ова ескалира. Јас се надевам дека ќе заврши, дека ќе можеме да се вратиме во нормала, рече Николоски. Вицепремиерот истакна дека е горд на…
Најстудено утрово е на Попова Шапка, каде што термометарот покажува -1 степен и има снежна покривка од 72 сантиметри. Според информациите од УХМР, 1 степен е измерен во Маврови Анови, 2 степени во Крушево и Лазарополе, 4 степени во Претор, 5 степени во Охрид и Берово, 6 степени во Крива Паланка, Битола и Прилеп, 7 во Тетово, 8 во Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Велес, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, а 9 степени во Гевгелија. Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Маврови Анови – 40 литри на квадратен метар, следат Попова Шапка со…
Христијан Мицкоски секојдневно ги лаже граѓаните дека владата нешто следи и вели дека нема потреба да се преземат мерки. Ова денеска го велат одм опозициската СДСМ преку соопштение за јавноста. -Ние предупредивме дека овој раст на цените на нафтата ќе повлече и ќе предизвика раст на цените на сите основни прехранбени продукти. И тоа се случи. Поскапува лебот, веќе се поскапени зејтинот, јајцата, млекото, пиперките, доматите, овошјето….Поскапувањата се од 5% па се до 300% кај овошјето и зеленчукот. Граѓаните веќе едвај врзуваат крај со крај. Секое одење во маркет е нов шок. Сега ниту 600 евра не се доволни за…
За време на периодот на транзицијата во земјава од многумина сиромашни видовме како малкумина станаа екстремно богати и затоа има големо разочарување и иселување, истакна премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Македонија наутро“ на МРТ. Сепак, порача дека ќе дојде време кога младите што заминале од Македонија од разни причини, ќе се враќаат дома, а борбата треба да се водиме тука затоа што, како што посочи, само дома си е дома. Мицкоски рече дека кога државата стануваше независна, кога се одвојуваше од поранешната федерација, генерациите кои сонувале за независна македонска држава, дел од нив и нивните родители тоа со живот…
Цените на нафтата пораснаа, а акциите паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор за ситуацијата со војната со Иран. Брент нафта, глобален референт, се искачи над 106 долари за барел по говорот на Трамп. WTI нафта, американски референт, го надмина нивото од 103 долари за барел. Според други извештаи на берзите, Брент достигна околу 107,49 долари по барел, а WTI околу 105,40 долари, откако говорот не ги смири пазарите поради продолжените геополитички тензии. Трамп повтори дека конфликтот би можел да заврши за две до три недели, но не даде конкретни информации за тоа како всушност би завршила војната. Неговата…
На 31.03.2026, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.К. (21) и М.Ј. (32), двајцата од Скопје, како и К.Ѓ. (36) од Велес. Кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.С. (39) од село Десово, општина Долнени, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. На улицата „Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници му дале знак за запирање на патничко возило, кое го управувал пријавениот. Тој не застанал и продолжил со движење, при што неговиот совозач фрлил ловечка пушка од возилото. Пушката била пронајдена и одземена од страна на полицијата.
Во Кривичниот суд во Скопје вчера продолжи судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговата сопруга Ивана и ќерка Катја, кои на 2 март скокнаа од тераса. Сведокот Мартин Саздов одговараше на прашања во врска со обвинетиот Стојанче и сега починатите Ивана и Катја. Од тој датум кога починаа, како животот да ми застанал. Немам мотив за живот – рече Саздов, кој во 2021 го запознал Стојанче во Противпожарната, каде што се вработиле. -Додека се дружевме, Ивана ја гледав како сестра, како најдобра другарка. Престанавме да се дружиме кога дознав дека се гледал со девојката со која се гледав јас,…
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денес без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје и тоа Илинден, Хиподром, Кисела Вода, Карпош, како и Центар. -Од 07:30 до 15:30 часот: дел од улицата „Жан Жорес“, РИО Кафе во Илинден, „Дени Интернационал“, „Кромберт и Шуберт“ во Илинден, „Делта Комерц“, како и дел од Хиподром (општина Гази Баба); -Од 08:15 до 14:00 часот: дел од булеварот „Никола Карев“ (кај Мулти Бренд), СТОП & ГО, Момин Поток кај „Рибокомерц“ (општина Карпош); -Од 09:00 до 12:00 часот: дел од улицата „Ваташа“ (општина Кисела Вода); -Од 09:00 до 17:00…
