Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Македонија веќе нема опозиција поради Филипче

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонија веќе нема опозиција поради Филипче

    01.04.2026 во 09:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поданоста и слепата послушност кон Зоран Заев, Венко Филипче го чини топење на, и така неговиот и партиски слаб рејтинг, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    На Филипче и СДС, не им беа доволно и не извлекоа поука од последователните катастрофални изборни порази, каде дојдоа на одвај 130 илјади гласа, па продолжи дословно да ги исполнуваат желбите на Заев, со поставување на негови луѓе во раководните партиски тела, и да слушаат лоши ПР совети од Башановиќ. 

    Во Филипче и СДС веќе никој не верува, довербата од граѓаните им се сведе на минорни 3,6% и 4,5% рејтинг. Меѓу ретките кои сè уште им изразуваат некаква поддршка се луѓе лојалисти на Заев, поддршка од членството и од симпатизерите, нема.

    Филипче функционира и делува само по директива на Заев, а сега со новиот ПР шеф Башановиќ продолжува да тоне на политичката сцена.

     Истите луѓе на Заев, кои до пред неколку години заедно го водеа СДС, сега се здружени со Филипче во таканареченото ново партиско раководство и одат кон пропаст.

    Така, Филипче заедно со Заев и неговиот куќен пријател и советник, Зоран Башановиќ, некогаш големиот СДС го доведоа до рејтинг на граница на статистичка грешка.

    Слободно може да се каже дека во Македонија веќе нема опозиција, и тоа е поради Филипче и СДС, затоа што нивните празни флоскули и демагогии кои ги шират во јавноста не поминуваат и граѓаните тоа го казнуваат.

    За да се врати СДС тоа што некогаш беше, голема партија која ќе биде конструктивна, легитимна и пред сè кредибилна опозиција, потребен е нов пристап, реформи, дистанцирање и оградување, како од Заев, така и од Филипче.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.