Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Македонскиот пејач се прости од својот професор – „Прв ме фативте за рака, фала за се”

    ФОТО: Македонскиот пејач се прости од својот професор – „Прв ме фативте за рака, фала за се”

    01.04.2026 во 09:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 63 годишна возраст почина Зоран Маневски професор по виолина во Државното музичко училиште во Битола. Многу пати учествуваше на фестивалите во Македонија – „Валандово“, „Цветници“, “Тетовски Филиграни“, „Интерфест  Битола“, „Серенада“ и др. Погребот се одржа вчера во 13 часот, во Светонеделските гробишта.        

    Од него се прости македонскиот пејач Димитар Андоновски чиј професор бил Маневски. 

    -Денес за последен пат се простуваме со човекот кој е еден од најзаслужните што јас денес сум музичар.

    Човекот што прв ме фати за рака кога се запишав во нижото музичко училиште. Ме праша што сакам да свирам, а јас му одговорив – гитара. Ми рече дека нема таков отсек и дека можам да учам виолина. Прифатив. Потоа ме праша кого сакам за наставник, а јас без размислување му одговорив – Вие.

    Така започна еден пат што го носам во себе целиот живот.

    Професор Зоран Маневски беше човек кој создаде генерации, човек кој живееше за музичкото училиште, за учениците, за знаењето и за иднината на многу млади луѓе. Такви луѓе не се забораваат, затоа што не оставаат трага само во професијата, туку и во душата.

    Со голема тага ја примив веста, професоре Зоран… Прерано не напуштивте.

    Ви благодарам за се што направивте за мене, за подадената рака на самиот почеток, за вербата, за насоката и за човечноста.

    Бог нека ви дарува вечно небесно царство.

    Нека ви е светол патот, напиша пејачот.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница

    06.10.2026 во 11:37

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.