Close Menu
Press24
    Најново

    Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи

    29.10.2026 во 14:21

    Куманово: Цели девет месеци силувал дете

    29.10.2026 во 14:08

    Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари

    29.10.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
    • Куманово: Цели девет месеци силувал дете
    • Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
    • Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
    • Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство
    • Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка
    • Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Честитка од МОН за 24 Мај: Наша обврска е да градиме силен образовен систем кој ќе создава генерации со знаење

    Честитка од МОН за 24 Мај: Наша обврска е да градиме силен образовен систем кој ќе создава генерации со знаење

    24.05.2026 во 11:351 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за образование и наука го честита 24 мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.

    Како мисионери и учители, Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи. Нивното дело и денес нè поттикнува да го чуваме јазичниот и културниот идентитет, но и постојано да вложуваме во знаењето и просветата, пишува во честитката на Министерството за образование и наука по повод Денот на сесловенските просветители.

    Продолжувајќи ја нивната мисија, посочуваат од МОН, обврска е да се гради силен образовен систем што ќе создава генерации со знаење, критичко размислување, креативност и чувство на заедништво.

    – Да го почитуваме сопственото наследство, но и да бидеме отворени кон другите култури. Да втемелиме општество засновано на доверба, солидарност и соработка – порачуваат од МОН.

    Министерството нагласува дека сегашните учители имаат исклучително важна улога – да воспитуваат и образуваат млади луѓе, кои ќе умеат да размислуваат самостојно, да препознаваат вистински вредности и да не подлегнуваат на дезинформации, стереотипи и манипулации.

    – Со системска поддршка, квалитетно образование и активна вклученост на родителите, нашите млади можат да израснат во граѓани подготвени да обликуваат подобра иднина за себе и за целата држава – се вели во честитката

    Прочитај повеќе

    Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи

    29.10.2026 во 14:21

    Куманово: Цели девет месеци силувал дете

    29.10.2026 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.