Close Menu
Press24
    Најново

    УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени

    03.08.2026 во 11:42

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди

    03.08.2026 во 11:38

    МЗ: Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна

    03.08.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди
    • МЗ: Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
    • МЗ: Вонреден инспекциски надзор во три болници во Македонија
    • Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот
    • Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи
    • СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа
    • ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 44 студенти од Маврово и Ростуше добија финансиска помош за академската 2024/2025 година

    44 студенти од Маврово и Ростуше добија финансиска помош за академската 2024/2025 година

    01.04.2026 во 11:122 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Општина Маврово и Ростуше, во тековната академска година, право на еднократна финансиска помош остварија 44 студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во земјава за академската 2024/2025 година.

    -На јавниот повик објавен во декември беа пријавени 45 студенти, редовни и вонредни, кои не се вработени. По разгледувањето на доставените пријави, соодветната комисија одлучи 44 од нив да го остварат правото на финансиска помош, што е за 25 студенти повеќе во однос на претходниот циклус. Средствата во износ од по 12.000 денари, што е за 2.000 денари повеќе во однос на минатата академска година, наскоро ќе им бидат исплатени, изјави за МИА Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за информирање во општината.

    Според него, оваа финансиска помош се доделува веќе петта година по ред со цел да се мотивираат младите да го продолжат своето образование на високообразовните институции и да се трудат редовно да ги полагаат испитите.

    Правото на помош може да го остварат само студенти кои се постојани жители на општината, а од започнувањето на програмата во академската 2021/22 година до сега ја оствариле 150 студенти.

    Општина Маврово и Ростуше, од 2018 година, доделува еднократен паричен надоместок и за секое новороденче во семејства кои постојано живеат на нејзината територија. Пета година по ред, во септември, се исплаќа и надоместок за секое прваче.

    Прочитај повеќе

    УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени

    03.08.2026 во 11:42

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди

    03.08.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.