Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена

    03.08.2026 во 10:333 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во историјата една држава и народ, секоја генерација си има свои предизвици и борби, така и Македонците и македонската држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Додека претходните генерации се бореле слободна и самостојна држава, кога започна со славното Илинденско востание во 1903 година и првата република на Балканот, Крушевската Република, па продолжи со вториот Илинден и првото заседание на АСНОМ во 1944 година, новата генерација политичари имаат поинаква, но не помалку тешка обврска и задача.

     Задачата на новата генерација е да ја зачува Македонија силна, да ја направи економски просперитетна, праведна и повторно да ја направи земја во која луѓето ќе веруваат дека вреди да се остане, да се работи, да се создава, да се основа семејство и да се гради иднината дома, во својата татковина.

     И оваа битка е подеднакво тешка затоа што освен надвор, борбата треба да ја водиме и дома, затоа што во државата имаме политички гарнитури кои за власт се спремни да распродадат се што останало од националните обележја, тоа што нивните претходници не успеаја да распродадат.

     И така, чекајќи некој да ги донесе на власт во замена за нови предавства, наместо натпревар со идеи, концепти и предлози, создаваат хистерија, шират лаги, омраза, дефетизам дека оваа држава нема да успее и дека единствениот излез за младите генерации е билет во еден правец.

    Но, тоа што им порачуваме, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се откаже од борбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење, заеднички дом за сите и иднина. Народот никогаш нема да биде разочаран и никогаш нема да биде прифатено однесувањето од минатото на отстапки од националните идентитетски прашањата на евроинтегративниот пат, по ниедна цена.

    Затоа ги повикуваме граѓаните да не паѓаат во замката на талогот кој борците за власт со предавства, а не со победа на избори и натпревар од добри идеи и програми, го создаваат. На нив не може да им се верува, тие на секој државен успех гледаат со цинизам и омраза 

    Обврска на сите нас е да се избориме со овој општествен слој, заеднички да го вратиме достоинството на чесниот и родољубив човек, да ја врати вербата во институциите, да ја зачува душата и повторно да ја направи надежта најсилна движечка сила на нашето општество.

    Денес не се води само економска борба за повеќе инвестиции и за подобри услови за живот, туку и против домашните предавници и злонамерници и отровот кој го шират една иста група луѓе кои секој викенд се на јахти, договараат и се нудат за нови отстапки, заеднички со напатениот народ ќе биде спречен.

     Исто така, битката за иднината на младите е одлучувачка и затоа ќе се избориме да изградиме држава во која законите важат за сите, со одлучна борба против криминалот и земја каде трудот се цени, а младите не се принудени да заминуваат.

    ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи омразата и песимизмот да станат национална идеологија, туку ќе се избориме и заедно со народот ќе останеме исправени, обединети и достоинствени, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.