Температурите ширум Македонија бележат брз пораст, а според официјалните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) измерени во 11 часот, во повеќе градови се надминати 30 степени.
Најтопло во претпладневните часови е во Гевгелија каде што се измерени 32,6 степени.
Високи температури се регистрирани и во скопски Зајчев Рид со 31,8 степени, како и во Велес каде се измерени 31,3 степени.
Над 30-тиот степен во 11 часот се и Демир Капија (30,8°C), Кавадарци (30,7°C), Скопје-Петровец (30,3°C), Штип (30,1°C) и Струмица со точно 30,0 степени.
Најсвежо во овој термин е на Попова Шапка со 18,5 степени и во Крушево со 23,2 степени.
Еве ја целосната листа на температури по мерни станици измерени во 11 часот:
- Попова Шапка: 18,5°C
- Крушево: 23,2°C
- Претор: 24,5°C
- Радовиш Пожар: 25,5°C
- Маврови Анови: 26,3°C
- Берово: 26,9°C
- Тополчани: 27,0°C
- Пожаране: 27,4°C
- Прилеп: 28,3°C
- Виница: 28,7°C
- Крива Паланка: 29,4°C
- Тетово: 29,5°C
- Струмица: 30,0°C
- Штип: 30,1°C
- Скопје – Петровец: 30,3°C
- Кавадарци: 30,7°C
- Демир Капија: 30,8°C
- Велес: 31,3°C
- Скопје – Зајчев Рид: 31,8°C
- Гевгелија: 32,6°C

