Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ со иницијатива до Уставен за Законот за внатрешни работи

    СДСМ со иницијатива до Уставен за Законот за внатрешни работи

    03.04.2026 во 11:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Подготовките за деценискиот план на Мицкоски за изолација на земјата и грабеж на граѓаните се во тек. Јавното обвинителство и судството се под контрола на власта, со подобни обивнители и судии блиски до Мицкоски, следува брутална партизација и на МВР, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Александар Саша Димитријевиќ.

    Интегрален текст од Центар за комуникации со јавноста на СДСМ:

    Додека криминалот и корупцијата царуваат насекаде, скандали со 5 тони дрога кои водат до врвот на власта, во МВР се случува операција за отстранување на неподобните професионалци и ставање партиски послушници.

    Со новиот Закон за внатрешни работи, кој го донесоа и го менуваа неколку пати за само една година, ВМРО-ОКГ и Панче Тошковски ги деградираат професионалците и инсталираат партиска војска во полицијата.

    Тошковски прераспоредува полициски службеници „по потреба на службата“, без никакви критериуми и без согласност на вработените.

    Професионалци со 30 години искуство, кои со децении граделе кариера, преку ноќ се уназадени од раководни позиции до најниски извршители.

    Кариерниот систем е укинат, се гази правото на работа и слободен избор на вработување загарантирани со Уставот.

    Се формираат партиски комисии за селекција кои, надвор од очите на јавноста и без вклучување на репрезентативниот синдикат, ќе одлучуваат кој е „подобен“ а кој не.

    Тошковски удира и по џебот на полицајците.  Работното искуство веќе не е дел од основната плата, со што директно се намалува вредноста на сите додатоци како прекувремена и ноќна работа.

    Го укинува загарантираниот додаток за овластување од 20% и 30%, а наместо тоа, Тошковски носи класифицирани листи за тоа кој заслужува додаток на плата.

    Значи платата на полицаецот повеќе не зависи од неговиот труд и закон, туку од желбата на Панче Тошковски.

    Ова е истиот модел што го гледавме во времето на Сашо Мијалков и Никола Груевски.

    Моделот на МВРО-ВМРО како што го опиша Јанкуловска.

    Истата шема. Само нови актери на старата криминална банда.

    Целта е јасна: МВР да се претворат во партиски механизам за пресметка со неподобните и заштита на криминалот и корупцијата на власта.

    СДСМ силно ќе се спротивстави.

    Денеска Поднесуваме Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на овој скандалозен Закон за внатрешни работи.

    Бараме итно поништување на спорните одредби и стопирање на сите незаконски прераспоредувања и постапки на Тошковски кои се донесени врз основа на овој Закон.

    Нема да дозволиме МВР да биде партиски штаб на ВМРО-ОКГ.

    Top News
    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.