Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Еднакви можности за сите – Центар со јавен повик за финансиска поддршка на социјални услуги за ранливи категории

    Еднакви можности за сите – Центар со јавен повик за финансиска поддршка на социјални услуги за ранливи категории

    03.04.2026 во 09:491 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија – даватели на социјални услуги, со цел да се обезбедат нови сервиси и поддршка за ранливите категории граѓани. Со повикот се поддржуваат програми што промовираат инклузија, заштита на менталното здравје и превенција кај младата популација.

    Средствата се наменети за индивидуализирани услуги со асистивна технологија за деца, млади и лица со различни попречености, вклучително и аутизам, преку обезбедување пристап до компјутер и интернет. Дополнително, се поддржува превенција и психо-социјална, психотерапевтска и психијатриска поддршка за млади во ризик од злоупотреба на дроги и нивните семејства, како и процеси на ресоцијализација.

    Повикот вклучува и Центар за ментално здравје кај деца со обезбедена психо-социјална и дефектолошка поддршка, како и активности за зелена социјална работа, со воведување на еколошка перспектива и градење инклузивна и зелена средина.

    Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека овие програми се со силен фокус на инклузијата и еднакви можности за сите.

    • „Општина Центар обезбедува социјална заштита за ранливите категории и создава стимулативни услови за развој на младите. Преку ваквите програми даваме поддршка и помош таму каде што е најпотребна“, нагласи Герасимовски.

    Рокот за поднесување на пријавите е 10 дена од објавувањето на општинската веб-страница.

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта

    22.10.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.