Author: Sofija Dizdarevik

На 02.03.2026 година во 12:10 часот, во СВР Скопје, Д.Р. (47) од Скопје пријавил дека околу 09:30 часот во дворот на основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници од друго училиште. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски на средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја реафирмирал цврстата посветеност на земјава кон понатамошно унапредување на соработката со Алијансата и активен придонес во регионалната и глобалната безбедност. – Во духот на сојузништвото и заедничките вредности разговаравме за актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во одржувањето на стабилноста и мирот, како и за придонесот на нашата држава во системот на колективна одбрана – напиша Мицкоски на Фејсбук по средбата. Тој оцени дека разговорите се потврда за силното партнерство и заемната доверба, како и за определбата државата и натаму да дејствува како кредибилен и одговорен сојузник…

Повеќе

На 02.03.2026 година во 15:10 часот, во СВР Тетово, 75-годишен жител на тетовско пријавил дека бил измамен од лице од Тетово за износ од 2.000 евра. Според пријавата, во октомври 2025 година тој се договорил со лицето да му изработи собни врати, при што договорената сума ја исплатил како капар. Како што навел, услугата не била реализирана, а по неколку телефонски контакти во кои му било ветено дека вратите ќе бидат изработени, лицето подоцна станало недостапно. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Повеќе

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С. (35) од Словенија, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“. Според пријавата, на 26.02.2026 година на Граничен премин Табановце, при влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана словенечка возачка дозвола.

Повеќе

На 02.03.2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.С. (42), М.Д. (43), В.Т. (41) и А.Р. (27), сите од Скопје. При извршените контроли, кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, како и марихуана. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе

Уставен суд на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата трета седница, на која ќе се разгледуваат девет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста. Како што е најавено, седницата за првпат ќе биде достапна за јавноста преку директен пренос на официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот. Од Судот информираа дека со ова се прави значаен чекор кон поголема институционална транспарентност, означувајќи почеток на најобемната реформа во делот на отвореноста – овозможување јавен пренос на седниците во живо. На дневниот ред пред уставните судии се повеќе иницијативи, меѓу кои и постапка со која се оспоруваат одредби од Законот…

Повеќе

Собрание на Република Северна Македонија денеска на својата 90. седница ќе расправа и ќе одлучува за избор на нови заменици-министри во ресорите одбрана и образование и наука. За заменик-министер за одбрана е предложен Адмир Шабани, поранешен портпарол на Државна изборна комисија, додека кандидат за заменик-министер за образование и наука е Дритон Сулејмани, кој претходно бил советник во Општина Куманово и портпарол на коалицијата „Вреди“. На дневниот ред се наоѓа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка. Со предложените измени се предвидува поцелосно ажурирање на податоците во Катастарот на недвижности и инфраструктурата, со цел прецизно…

Повеќе

Претпладнето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а во некои котлини можна е појава на утринска магла. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми, па времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи. Минималните температури ќе се движат од -2 до 5 степени, додека максималните ќе бидат меѓу 13 и 17 степени. Во Скопје, утрото ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви интервали. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 4…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот трагичен случај во Карпош, кога при пад од висококатница загинаа мајка и дете. Едно лице е задржано во полициска станица, а по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност. Во соопштението од обвинителството се наведува дека обезбедена е наредба од судија на претходна постапка, по што ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по увидот е запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од…

Повеќе

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, според најновите податоци, од почетокот на конфликтот до денес, вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби. Од нив, 19 лица се од Израел, 106 од Катар, а 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт и 12 лица од Бахреин, соопшти МНРиНТ. Според информациите од надлежните власти, сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати. Евакуацијата ќе…

Повеќе