Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Русин преживеал вистински хорор: Ѕвер од 200 кг му ги кршел ребрата
    • Холандскиот јавен сервис потврди: Холандија повторно на евровизиската сцена во мај 2027 година
    • Бизнисменот Чифлигароски се предал на полицијата
    • Бесплатна обука за финансиска писменост на жени во Центар: Кој може да се пријави?
    • Девет лица починаа од западнонилска треска – Каква е состојбата во Македонија
    • Милатовиќ во ОН: Црна Гора има историска одговорност да го заврши европскиот пат до 2028 година
    • ВИДЕО: Стаорци снимени покрај детско игралиште во Кисела Вода
    • Стефковски: Ноќе работиме за преку ден да има помалку гужва
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Едно лице задржано во полиција по трагедијата во Карпош – Мајката и детето биле сами и заклучени

    Едно лице задржано во полиција по трагедијата во Карпош – Мајката и детето биле сами и заклучени

    03.03.2026 во 11:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот трагичен случај во Карпош, кога при пад од висококатница загинаа мајка и дете. Едно лице е задржано во полициска станица, а по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност.

    Во соопштението од обвинителството се наведува дека обезбедена е наредба од судија на претходна постапка, по што ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по увидот е запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна.

    „Денеска, по наредба на јавниот обвинител, се вршат распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија, се извршува екстракција на податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видео надзор и други локации. Вчерашниот ден, исто така, беше извршена и обдукција на починатите“, се наведува во соопштението.

    Во врска со претходните постапки, јавниот обвинител побарал детално известување од МВР и од Центарот за социјални работи за сите евентуални пријави и поплаки поврзани со оштетената, а ќе нареди и внатрешна контрола на МВР за да се испита постапувањето по тие пријави.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Бизнисменот Чифлигароски се предал на полицијата

    24.09.2026 во 11:06

    Бесплатна обука за финансиска писменост на жени во Центар: Кој може да се пријави?

    24.09.2026 во 10:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.