- (ВИДЕО) Виктор Орбан: Резултатите се болни, но јасни
- Историја во Будимпешта: Виктор Орбан го призна поразот, Маѓар е нов лидер на Унгарија
- Политички земјотрес во Унгарија: Партијата на Петер Маѓар убедливо води, Орбан пред губење на мнозинството
- Полицајците нашле канистар за гориво и траги од горење: МВР со детали за обидот за предизвикување пожар во Синагогата
- (ВИДЕО) Еврејска заедница во Македонија: Обид за опожарување на објектот на заедницата и синагогата
- Во Германија стапи во сила забраната за продажба на „рајски гас“ на малолетници
- Македонија под влијание на променливо време: Проверете што не очекува во следните три дена
- Хаос на туристичка атракција: Во стампедо најмалку 30 загинаа
Author: Sofija Dizdarevik
Во Основниот суд Штип вчера започна судскиот процес против 74-годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишна штипјанка со иницијали Б.Н. Обвинетиот изјавил дека не се чувствува виновен за делото што му се става на товар. -Апсолутно не, не сум го сторил кривичното дело. Да убиеш човек не е лесно, рекол тој во судницата. Според обвинителката Тања Кацарова, Асанов бил свесен кога го извршил делото и убиството го сторил со умисла. Кривичното дело се случило минатата година, а дел од телото на жртвата бил пронајден закопан во дворот од куќата на обвинетиот. Според исказот даден пред Основно јавно…
Во попладневните часови се очекува македонските граѓани кои побарале евакуација од Израел да полетаат кон Скопје со владиниот авион. Со овој лет, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, целосно ќе заврши евакуацијата на македонските државјани од Израел. Во останатите подрачја погодени од воениот конфликт, до денес 505 македонски граѓани се обратиле до Амбасадата во Абу Даби, 31 лице во Кувајт, 14 лица во Бахреин и 141 лице во Доха. „Во наредните денови се очекува да започне враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт.…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека кога се работи посветено, со јасно поставени цели и добро проектирани политики, позитивните резултати во економијата се неизбежни. Измината повеќе од година и половина се води умерена економска политика, со добро проектирани мерки, кои доведоа до последователен раст на економската активност во шест квартали. Последниот квартал од 2025 година, македонската економија го завршува со раст на БДП од 3,8%, при што годината заврши со раст од 3,5%, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во соопштение испратено за јавноста. -Растот на БДП е широка основа, но клучни сектори кои покажуваат дека македонската економија застанува на здрави нозе и…
Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа животи на мајка и дете го отвора прашањето за сериозните пропусти на МВР за заштита од семејно насилство и повикува на одговорност. Овој случај е болен доказ за неуспех на МВР да се заштитат човечки животи. Ова го велат од СДСМ преку соопштение за јавноста. -Две години биле пријавувани случаи на семејно, физичко и психичко насилство. Вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и пријави, а во последниот случај кај него била пронајдена и дрога. МВР било алармирано, постоеле пријави, имало сознанија и индиции за сериозен ризик. Но со…
Утринава во земјава се измерени температури во интервал од 0 до 7 степени. Најниска температура од 0 степени е регистрирана во Берово, 1 степен во Лазарополе и на Попова Шапка, 3 во Струмица, 4 во Крива Паланка, Охрид, Битола, Демир Капија и Маврови Анови, 5 во Тетово, Прилеп, Крушево, Велес, Кавадарци и Гевгелија, 6 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, и 7 степени во Скопје – Зајчев Рид, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. На Попова Шапка снежната покривка изнесува 72 сантиметри. Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува…
Српската пејачка Зорица Марковиќ секогаш била позната како жена без влакна на јазикот. Во една прилика за српските медиуми, таа откри како реагирала кога дознала дека сопругот ја изневерува. „Имав некоја промоција и постојано чувствував некаков немир во себе, како да знаев… па побрзав дома, а таму имав што да видам. Мојот сопруг беше со жена во кревет. Јас почнав да викам, ја прашав како не ти е срам, детето ми спие во куќата, а таа ладнокрвно се сврте и ми рече: ‘Мене тоа не ми пречи, нека спие’“, раскажува Зорица. Таа додава дека по овој одговор изреагирала импулсивно и…
На крајот на месец Март, Македонија преминува од зимско кон летно сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот. Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ноќта за еден час пократка. Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во октомври, кога часовниците повторно се враќаат еден час наназад.
Во Собранието денеска ќе се одржи едукативната активност „Имам став“, наменета за ученици од средните училишта. Според информациите од собраниската прес-служба, во активноста ќе учествуваат ученици од СОУ „Орце Николов“ од Скопје. Едукативната програма „Имам став“ претставува симулација на постапката за разгледување предлог-закон во рамки на Собранието. Целта на оваа активност е на младите поблиску да им се претстави работата на Собранието и процесот на донесување закони, со што се придонесува за развивање на нивната свест за демократијата, како и за поттикнување на нивната општествена и политичка ангажираност.
На 3 март 2026 година, во 13:00 часот, во СВР Скопје, С.С. (66) од Скопје пријавила дека на автобуска постојка на подрачјето на Ѓорче Петров непознато лице ѝ одзело чанта во која имало пари, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 2 март 2026 година, во 17:30 часот, во ОВР Кавадарци, Л.Е. (68) од село Ваташа пријавил дека во дворот на викенд-куќа во селото била пронајдена експлозивна направа. На местото излегол пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување од Битола, кој ја подигнал направата и утврдил дека станува збор за рачна бомба која потекнува од Првата светска војна.
