Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе нема струја до 14 часот – Исклучување во делови на Скопје

    30.10.2026 во 08:12

    На маса 124 амандмани – Продолжува собраниската расправа за буџетот

    30.10.2026 во 08:11

    УХМР со многу лоша викенд временска прогноза

    30.10.2026 во 08:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе нема струја до 14 часот – Исклучување во делови на Скопје
    • На маса 124 амандмани – Продолжува собраниската расправа за буџетот
    • УХМР со многу лоша викенд временска прогноза
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Важно известување за патниците: Почнаа градежни работи на аеродромот во Скопје, пристигнувајте два часа порано

    Важно известување за патниците: Почнаа градежни работи на аеродромот во Скопје, пристигнувајте два часа порано

    21.05.2026 во 18:182 Mins Read
    ФОТО: ТАВ Македонија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На Меѓународниот аеродром Скопје од денеска се воведуваат привремени измени во протоколот на движење на патниците поради започнување на инфраструктурни зафати во рамките на објектот.

    Како што пренесува 4news.mk, градежните работи се одвиваат на една од клучните точки во терминалната зграда, што може да влијае врз брзината на проток на луѓе.

    „Меѓународниот аеродром Скопје ги известува сите патници дека од денеска, 21 мај 2026 година, се одвиваат градежни активности на пунктот за безбедносна проверка во терминалната зграда“, се вели во официјалното известување.

    Поради овие зафати, менаџментот на аеродромот укажува на можноста од создавање поголеми гужви на безбедносните филтри и ги советува граѓаните соодветно да го планираат своето време.

    „​Поради изведувањето на овие активности, можно е да дојде до привремени ограничувања и побавна фреквенција на патници за време на безбедносната контрола. Со цел непречено одвивање на патувањата и избегнување на евентуални доцнења, од аеродромот упатуваат апел до сите патници да пристигнуваат на време, односно најмалку два часа пред закажаното време на полетување на нивните летови.“

    Од аеродромските служби однапред се извинуваат за евентуалните непријатности при чекирањето на летовите додека трае модернизацијата на просторот.

    „​Надлежните служби им се заблагодаруваат на патниците за нивното трпение и разбирање во текот на овие активности“, стои во дописот до јавноста.

    Прочитај повеќе

    Ќе нема струја до 14 часот – Исклучување во делови на Скопје

    30.10.2026 во 08:12

    На маса 124 амандмани – Продолжува собраниската расправа за буџетот

    30.10.2026 во 08:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.