Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Работиме посветено за подобар живот и повисоки плати за сите

    ВМРО-ДПМНЕ: Работиме посветено за подобар живот и повисоки плати за сите

    05.03.2026 во 09:312 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека кога се работи посветено, со јасно поставени цели и добро проектирани политики, позитивните резултати во економијата се неизбежни. Измината повеќе од година и половина се води умерена економска политика, со добро проектирани мерки, кои доведоа до последователен раст на економската активност во шест квартали. Последниот квартал од 2025 година, македонската економија го завршува со раст на БДП од 3,8%, при што годината заврши со раст од 3,5%, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во соопштение испратено за јавноста.

    -Растот на БДП е широка основа, но клучни сектори кои покажуваат дека македонската економија застанува на здрави нозе и кои го овозможуваат и најмногу придонесуваат во овој раст, се градежништво кое бележи раст од скоро 15%, односно високи 14,6 проценти и извозот со 9,5%, односно скоро 10%. Овој висок раст на градежништвото во четвртото тримесечје од мината година е резултат на зголемената активност во нискоградбата која забележа реален раст од 12,5%. Тоа значи дека силната динамика на растот на градежништвото, најмногу се должи на посветеноста на македонската Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за реализација на капитални проекти, како што се патишта и автопатите дел од паневропските коридори. Работите на терен не престануваат и со уште позасилено темпо ќе се продолжи со работа, не само за градежништвото да бележи уште повисоки проценти на раст, туку преку изградба на соодветна, брза и квалитетна инфраструктура за се развиваат сите економски сектори, велат од партијата.

    Додаваат дека друг показател кој особено охрабрува е растот на извозот и неговиот сооднос со увозот на стоки и услуги.

    -Па така, последниот квартал од минатата година извозот се зголеми за скоро 10%, додека увозот за 3,3% што значи дека нето-извозот имал значително позитивно влијание врз македонското стопанство. Овие се охрабрувачки параметри кои се добра основа за уште поголем понатамошен економски раст кој ќе донесе подобар животен стандард и повисоки плати за сите. Во целиот овој изминат труд, не недостигаше поддршката од државата за стопанство, за која цел Владата стави на располагање 250 милиони евра за инвестиции и развој на домашните компании. И сето ова даде резултати. Македонија мора и може повеќе, велат од владејачката партија.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.