Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Народната банка најави зголемување на каматите ако продолжат ценовните притисоци

    Народната банка најави зголемување на каматите ако продолжат ценовните притисоци

    21.05.2026 во 18:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Народната банка е подготвена да интервенира со зголемување на каматните стапки доколку ценовните притисоци во државата продолжат да растат. Ова го најави гувернерот Трајко Славески при своето гостување во поткастот „Каде се парите“, нагласувајќи дека финалната одлука ќе се темели на најновите податоци за движењето на инфлацијата.

    Според информациите објавени од 4news.mk, централната банка будно ги следи состојбите на пазарот, особено по најновите промени во март и април.

    „Гувернерот истакна дека централната банка будно ги следи состојбите, особено по повторното забрзување на инфлацијата во март и април. Овој тренд доаѓа по подолг период на дезинфлација и главно е предизвикан од надворешни влијанија, пред сè од растот на цените на енергентите на светските пазари.“

    Како главна причина за нарушување на претходниот тренд на стабилизација се наведуваат глобалните превирања и енергетскиот пазар.

    „Според Славески, иако економијата претходно беше блиску до стабилизација со инфлација од околу 2,5%, актуелните геополитички случувања ја зголемија неизвесноста и го променија трендот на ценовните движења.“

    Во вакви услови, централната банка мора да менаџира со два клучни ризици. Од една страна е ризикот од пребрзо затегнување кое може да го забави економскиот раст, а од друга страна е ризикот од задоцнета реакција која може да предизвика долгорочни инфлациски очекувања.

    Првиот човек на Народната банка појасни дека институцијата има на располагање повеќе механизми за заштита на домашниот стандард.

    „Иако основната каматна стапка останува клучниот инструмент за одржување на ценовната стабилност, Славески појасни дека институцијата располага и со дополнителни макропрудентни мерки насочени кон зачувување на целокупната финансиска стабилност во државата.“

    Од Народната банка порачуваат дека во наредниот период фокусот ќе остане насочен кон среднорочно одржување на стабилноста преку анализи на сите економски показатели.

    Прочитај повеќе

    Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете

    28.10.2026 во 10:41

    Лоши вести: Цената на нафтата расте

    28.10.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.