Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Започна темелна реконструкција на патот кон Средно Водно, се менуваат и оштетените банкини

    Ѓорѓиевски: Започна темелна реконструкција на патот кон Средно Водно, се менуваат и оштетените банкини

    21.05.2026 во 17:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Патот кој води кон Средно Водно се наоѓа под целосна градежна реконструкција со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и уредување на инфраструктурата. Градежните активности опфаќаат обнова на коловозот, но и решавање на долгогодишните проблеми со атмосферските води и заштитните огради.

    Како што објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, проектот се реализира со сериозен пристап и силна динамика бидејќи овој правец е клучна точка за илјадници граѓани.

    „Водно е душата на Скопје. Место каде генерации скопјани пораснале, место каде се бара мирот по напорниот ден, каде семејствата го поминуваат слободното време. Токму затоа, со сериозен пристап и силна динамика, започнавме темелна реконструкција на патот кој води кон Средно Водно“, истакнува тој.

    Покрај примарното асфалтирање на коловозот, градежните екипи на терен вршат и дополнителни зафати кои со децении биле запоставени од надлежните служби.

    „Покрај реконструкцијата на коловозот, се уредуваат и сливниците за атмосферските води кои долги години беа нефункционални и неодржани, а се обновуваат и еластичните одбојни огради (банкини), кои исто така повеќе децении стојат оштетени и непроменети. Решаваме еден долгогодишен проблем и овозможуваме поголема безбедност, подобра заштита на патот и негово подолгорочно одржување“, соопштува Ѓорѓиевски.

    Паралелно со патниот правец, најавено е и тековно одржување на пешачките зони и останатите придружни содржини на планината.

    „Паралелно, во континуитет се одржуваат и патеките кон Водно, се уредува просторот и се заменува дотраената урбана опрема, за ова место повторно да го добие изгледот што го заслужува. Скопјани заслужуваат безбедни патишта, уредени јавни површини и Водно кое ќе биде вистинска гордост на градот“, се додава во објавата.

    На крајот, упатен е и јавен апел до сите посетители на локалитетот за поголема еколошка свест и заштита на околината.

    „Апелирам, да си го чуваме градот. Водно се белите дробови на Скопје и само со заеднички придонес ќе остане нашето најубаво место. Продолжуваме со работа“, завршува тој.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет

    23.10.2026 во 12:06

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.