- Што му подготвува Трамп на Иран? Левит открива: Само претседателот го знае планот
- Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
- Лишени од слобода седум лица – сузбиена организирана криминална група
- Техеран не се плаши од Трамп: Нашите ракети се веќе насочени кон стратешките цели
- Иран со застрашувачка порака: Ќе ја срамниме инфраструктурата во целиот регион ако Трамп нè нападне
- Мисајловски: Партнерството со САД ќе продолжи да се развива како силен столб на нашата безбедност и стабилност
- Драматично предупредување од Бахреин: Американската амбасада нареди итно засолнување
- Јанев – Јанков: Безбедноста во сообраќајот во фокус, „Сејф сити“ до крајот на годината во Струмица
Author: Sofija Dizdarevik
Денес времето ќе биде променливо облачно, а во утринските и претпладневните часови во западните делови од земјата се очекува слаб локален дожд. Во попладневните часови облачноста постепено ќе се намалува, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 1 до 6 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне меѓу 11 и 16 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, а претпладне во одделни делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, а максималната…
Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Грција, бил почувствуван синоќа во западните делови на земјава. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 22:17 часот, а неговиот епицентар се наоѓа на околу 200 километри југозападно од Скопје. Интензитетот на потресот, според првичните податоци, изнесувал III степени според Европската макросеизмичка скала.
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) продолжува со дигиталната модернизација, овозможувајќи современа глобална комуникација за своите членки. Од денеска стартува новата Б2Б платформа која ќе овозможи дигитално поврзување на повеќе од 10.000 македонски микро и мали компании. „Бизнис платформата претставува дополнителен дигитален прозорец кон светот, овозможувајќи лесно пребарување, закажување состаноци и воспоставување контакти со потенцијални партнери и клиенти од земјата и странство. Во следниот период, секоја компанија членка на деветте комори и повеќе групации при ССКМ ќе има можност да креира свој бизнис профил на платформата, која е дел од ребрендираната интернет страница на ССКМ, овозможувајќи глобална презентација на…
Нивото на водата во Охридското Езеро моментално изнесува 693,73 метри надморска височина, што е 24 сантиметри над просекот за месец март (693,49 мнв). Споредбено со минатата година, водостојот е значително подобрен, бидејќи во март 2025 година нивото на водата се наоѓаше повеќе од 30 сантиметри под месечниот просек, па дури и само неколку сантиметри над дозволениот минимум. Температурата на водата во езерото е 6,5 °C, што е еден степен под мартовскиот просек. Добрата состојба на езерото во однос на водостојот се должи на интензивните врнежи кои го зафатија регионот изминатите месеци, овозможувајќи стабилно ниво на водата и подобрени хидролошки услови.
Нема одговорност за скандалите на власта, нема одговор за Адамовиќ, за врските со Русија, за 5 тони дрога, за Панче, има нов дефокус од кујните на ВМРО-ОКГ. Сериозни скандали ја потресуваат државата, а власта очајно се обидува да дефокусира со нови спинови за името, се наведува во соопштението од СДСМ. Нема одговор од Христијан Мицкоски кој е Душан Адамовиќ, функционер на СНС, и по кои критериуми ovoj негов близок пријател е поставен за почесен конзул во Србја, со врски во Русија, кој вели дека Македонија е окупирана српска тероторија. Нема одговор ниту за најголемиот нарко-скандал во регионот – 5 тони…
На 06.03.2026 во 00:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С. (55) од Скопје, поради сомнение дека од пиштол пукал кон својата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години, и физички ја нападнал 24-годишната ќерка. Според пријавата, на 01.03.2026, по претходна расправија во семејниот дом, тој испукал еден куршум кој завршил во прозорецот. Потоа се заканувал на 24- и 18-годишната ќерка, а физички ја нападнал 24-годишната. Насилното однесување било повторено околу 22:30 часот на 05.03.2026, кога повторно со пиштол се заканувал на сопругата, но бил спречен од…
„Вреди“ продолжува со активна работа и реализирање конкретни проекти кои го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните. Во рамки на оваа иницијатива, општина Чаир добива уште една значајна инвестиција во спортот и младите. Со средства од околу еден милион евра, се гради модерен базен – втор по ред на територијата на општина Чаир. Новиот објект ќе им овозможи на младите, како и на целата локална заедница, пристап до современи услови за учење пливање, спортски натпревари и развој на пливачките вештини. -Ова е „Вреди“. Ова е визијата на Изет Меџити, кој го трансформира Чаир со големи проекти.Базенот со должина од 25 метри,…
Најниската температура утрово беше измерена во Лазарополе со -4 °C, додека во Попова Шапка и Берово температурата се спушти до -3 °C. Во Маврови Анови и Битола утринската температура изнесуваше -2 °C, а во Скопје-Петровец, Струмица, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Тетово и Претор се измери -1 °C. Во Охрид, Демир Капија, Велес, Куманово и Крушево беа 0 °C, во Кавадарци 1 °C, а во Скопје-Зајчев Рид и Виница 2 °C. Највисоката утринска температура од 4 °C беше измерена во Гевгелија. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во последните 24 часа најмногу дожд наврна во Скопје-Петровец – 5 л/м², додека во Велес беа 4 л/м². Во Тетово, Прилеп, Тополчани,…
СДС на Зоран Заев и Венко Филипче седум години на власт водеше антидржавна политика. За личните и бизнис интереси на Филипче и Заев, власта на СДС ги распродаваше националните интереси и ја стави под ризик стратешката ориентација на државата. Наместо про НАТО и про ЕУ ориентирана држава, СДС на Заев и Филипче Македонија ја претворија во хибриден режим и продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение за јавноста. Власта на СДС е позната по тоа што спротивно на националните интереси, издаваше македонски пасоши на белосветски наркобосови и криминалци, како што беше и државјанството…
Во Македонија се случува градежен бум. Градежна офанзива има на секој агол од државата, се градат улици, патишта, автопатишта, градинки, училишта, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Интензивната работа и засиленото темпо во реализацијата на капиталните инвестиции, како на локално, така и на централно ниво, веќе дава резултати. По периодот на стабилизација, македонската економија, која претходно беше во слободен пад, сега почна нов период на раст. Според податоците, економијата бележи стабилни стапки на раст на БДП од просечно 3,5% во последните шест квартали. Најголем придонес за овој раст има градежниот сектор, кој во последниот квартал од 2025 година забележа раст…
