- Голема романса за три знаци
- Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики
- САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан
- Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот
- Метео пресврт: Прво дожд и облаци, а потоа нè очекува голем скок на температурите
- Ескалација во Иран: Бомбардирани престижни универзитети во Техеран и Исфахан
- Во земја за цвеќиња скриле повеќе од 1,1 тон кокаин
- Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената
Author: Sofija Dizdarevik
Денес времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -3 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисток. Утринската температура ќе се спушти до околу 0 степени, а дневната ќе достигне до 17 степени. Според прогнозата, до петок ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Утрите ќе бидат посвежи, при…
151 лице кои од Дубаи вчера вечер слетаа на Скопскиот аеродром, беа пречекани од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Се очекува следниот авион да пристигне во вторник. Третиот лет е планиран за средината на неделата, но сѐ уште се чека да се утврди дали ќе има зголемен интерес кај македонските граѓани кои се наоѓаат во ризичните подрачја, а министерот апелира оние кои ќе се премислат за евакуација да јават навреме. – Вкупно 14 граѓани кои требале да бидат на денешниот лет од Дубаи за Скопје до последен момент најавувале дека ќе дојдат, но не се појавиле на аеродромот. Ги…
На 08.03.2026 година во Гостивар, полициски службеници од НККР Гостивар лишија од слобода лице идентификувано како Б.Х. од Гостивар, поради пронајдена марихуана во негово поседување. Подоцна, околу 23:00 часот, по добиена судска наредба, полициските службеници извршија претрес во домот и помошните простории на Ј.К., на 33 години, исто така од Гостивар, кој претходно му продал марихуана на Б.Х. При претресот кај Ј.К. била пронајдена дополнителна количина марихуана, по што тој е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок во согласност со законските прописи.
Пратеничката Иванка Василевска, во својство на заменик-шефица, денеска и утре учествува на состанокот на Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кој се одржува во Монако, во рамки на ротирачкото претседателство на оваа земја-членка со Комитетот на министрите на Советот на Европа. Според информациите од собраниската прес-служба, на дневниот ред на состанокот се разгледува Нацрт-резолуцијата за насилството и говорот на омраза против политичарите како закана за демократијата. Пратениците ќе дебатираат и за промовирањето на демократската безбедност во Европа преку „мека моќ“, за состојбата на демократијата, човековите права и владеењето на правото во Иран, како…
Србија и регионот се завиени во црно по трагичната вест за мајката и ќерката кои заедно го загубија животот во страшна сообраќајна несреќа кај Шабац, случена токму на Празникот на жената – 8 Март. Марина М., на 49 години, и нејзината ќерка Валентина М., на 25 години, загинаа на самото место кога возилото во кое патувале, автомобил „Голф 6“, претекнувало друго возило и удрило во автомобил од спротивната насока во близина на Корман Поље, пишуваат српските медиуми. Според извори запознаени со случајот, пред нив се движела кола која сакала да сврти десно, а Валентина се обидела да ја заобиколи од…
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, соопштувајќи дека, според сите извршени анализи, водата во главниот град е безбедна и соодветна за консумација. Во извештајот се наведува дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 2 до 6 март 2026 година земал 184 примероци за физичко-хемиска анализа и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, од вкупно 40 мерни точки во Градот Скопје. Од резултатите од испитувањата е утврдено дека сите примероци ги исполнуваат барањата утврдени во Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата…
Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска продолжи судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се одвива во затворената судница во „Идризово“. На денешното рочиште беа повикани пет сведоци предложени од Обвинителството, од кои четворица беа присутни. Јавниот обвинител најави дека на крајот од рочиштето ќе се произнесе пред Судот во врска со сведоците со кои не успеал да стапи во контакт, за да се утврди можноста да бидат повикани со судска наредба. Претходно, Судот го побара Обвинителството да се изјасни по барањето на Љупчо Папазов за укинување на мерката притвор и за утврдување мерки на…
Основното јавно обвинителство Битола, во соработка со Истражниот центар при обвинителството и СВР Битола, открило добро разработена шема за измама на граѓани преку лажни сообраќајни несреќи. Случаите се поврзани со телефонски броеви регистрирани во Романија. Од ОЈО Битола информираат дека во последните два-три месеци на подрачјето на Битола биле измамени повеќе од десет граѓани, од кои биле одземени вкупно над 60.000 евра и други вредни предмети. Особено зголемување на ваквите настани е забележано од почетокот на февруари, кога се регистрирани веќе шест слични случаи. Начинот на извршување на измамите е речиси идентичен во сите предмети. Оштетени се претежно повозрасни лица…
Инвестициите кои се веќе започнати или се во процес на договарање државна помош, а спаѓаат во портфолиото на ТИР-зоните, достигнуваат околу 650 милиони евра. Овие 17 инвестиции ќе отворат до 5 000 нови работни места, а и ќе придонесат значително за економскиот развој и намалување на невработеноста во земјава, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2025 година, македонската економија забележа реален раст од 3,5%, што, според податоците на Еуростат, ја рангира меѓу петте најбрзо растечки економии во Европа по Ирска, Малта, Кипар и Полска, а и пред останатите земји во регионот. Номиналниот раст на македонската економија достигна историски рекордни…
Во Берово и Попова Шапка изутринава измерена е температура од -1 степен Целзиусов, 0 во Крива Паланка, 1 во Маврови Анови, 2 во Лазарополе и Крушево, 4 во Виница, 5 во Битола и Претор, 6 во Прилеп и Кавадарци, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип и Охрид, 8 во Скопје-Петровец, Тетово и Куманово, 9 во Демир Капија и Гевгелија, информира Управата за хидрометеоролошки работи. На Попова Шапка има снежна покривка од 66 сантиметри, а во изминатите 24 часа таму наврнале 4 литри дожд. Во Маврови Анови наврнале 3 литри, во Пожаране 2 литри, а во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и…
