Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Здравствениот систем пред финансиски колапс: Над 1.800 вработени го тужат јавното здравство за 2,18 милиони евра

    Здравствениот систем пред финансиски колапс: Над 1.800 вработени го тужат јавното здравство за 2,18 милиони евра

    21.05.2026 во 18:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 1.822 вработени од јавните здравствени установи во Македонија покренале судски постапки против своите работодавачи поради неисплатени додатоци на плата. Вкупната сума на тужбените барања изнесува 134,6 милиони денари (околу 2,18 милиони евра), информираше директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски.

    Според податоците, тужби се поднесени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, што е повеќе од половина од капацитетите во државата.

    Како клучни причини за масовните тужби се наведуваат неисплатените надоместоци за прекувремена и ноќна работа, работа во смени, во недела и за време на празници, како и бонуси и јубилејни награди.

    Најголем број тужители има во Општата болница во Куманово каде се евидентирани 317 вработени, додека највисок поединечен износ на побарувања е забележан кај Клиничката болница во Битола, со вкупен износ од 16,8 милиони денари.

    Клековски предупредува дека финансискиот товар врз системот веројатно ќе расте, со оглед на тоа што многу постапки се во тек, а се најавуваат и нови тужби, како онаа во Здравствениот дом во Кратово за дополнителни 3,5 милиони денари.

    Паралелно со ова, ФЗО објави детална анализа за декември 2025 година, која опфаќа 18.872 вработени. Главните наоди покажуваат дека просечната нето-плата изнесува 50.039 денари, додека просечната основна плата е 37.660 денари.

    Највисок удел на додатоци е забележан во установите со 24-часовен режим како Кардиохирургија со 40,66% и КБ Штип со 37,83%, додека најнизок удел од под 15% има кај поликлиниките и превентивните установи кои не работат со дежурства.

    За да се надминат недоразбирањата и да се намалат судските трошоци, Министерството за здравство формираше работна група составена од претставникат на Министерството, ФЗО и репрезентативните синдикати. Целта е да се прецизира начинот на исплата на додатоците и да се елиминираат „сивите зони“ во толкувањето на колективните договори.

    Меѓу клучните препораки се приоритетна исплата на правосилните судски пресуди и спогодби, воведување централен регистар за судски предмети, зајакнување на правните служби во болниците и унапредување на социјалниот дијалог.

    Покрај финансиските предизвици, Клековски нагласи дека недостигот на анестезиолози останува еден од најсериозните системски проблеми, иако се очекува вкупниот број на вработени во јавното здравство во 2026 година да надмине 19.000 лица.

    Прочитај повеќе

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.