Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ширеше паника за мигранти но реалноста го демантира 

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ширеше паника за мигранти но реалноста го демантира 

    10.03.2026 во 09:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС на чело со Филипче и Заев имаат една единствена стратегија а тоа се ширење лаги, паника и манипулации со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на СДС и политичкиот хаос во кој се наоѓаат. СДС и Филипче со месеци наназад пласираа невистини дека наводно се подготвуваат договори за отворање мигрантски кампови во Република Македонија и дека државата ќе стане место за мигранти во Европа. Со таквите неодговорни изјави СДС свесно се обидуваа да создадат страв и несигурност кај граѓаните. Ова го велат ВМРО-ДПМНЕ.

    Денес, скоро 4 месеци подоцна нема ниту договори, ниту преговори, ниту пак планови за отворање мигрантски кампови во Македонија. Ова беше потврдено и од највисоките државни институции, како и од меѓународни претставници. Филипче и неговите лаги беа демантирани и разобличени од претседателот на Владата,  претседателот на државата, министерот за надворешни работи и британскиот амбасадор.

    СДС и Венко Филипче уште еднаш се фатени во лага. Наместо да се извинат на граѓаните за ширењето паника, тие продолжуваат со истата деструктивна политика, да измислуваат теми, да шират страв и да ја трујат јавната дебата предводени од српските пр агенции на Башановиќ.

    ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија повторно да биде жртва на неодговорните политики и лажни наративи на СДС какви што гледавме во минатото.  Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ останува стабилноста, безбедноста и заштитата на националните интереси.

    Граѓаните заслужуваат вистина, а не лаги. Заслужуваат одговорна политика, а не политичари кои за ситни политички поени се подготвени да ја вознемируваат целата јавност.

    Затоа СДС и Венко Филипче треба да одговорат пред граѓаните за лагите што со месеци ги пласираа. Македонија нема да биде заложник на СДС, на нивната политика на манипулации и деструкција.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.