Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски во Унгарија: Посветени сме да бидеме предвидлив партнер на ЕУ, но го очекуваме истото назад

    Муцунски во Унгарија: Посветени сме да бидеме предвидлив партнер на ЕУ, но го очекуваме истото назад

    10.03.2026 во 10:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, нагласи дека во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички, бидејќи соработката е единствената реална опција. Тој се обрати на меѓународната конференција Budapest Balkans Forum 2026, која се одржува во Будимпешта, Унгарија, во организација на Унгарскиот институт за меѓународни прашања.

    Муцунски учествуваше на воведната дебата на високо ниво на тема „Централна Европа и Западниот Балкан во новата геополитичка ера“, заедно со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, и заменик-претседателот на Владата за надворешни и европски прашања на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

    Тој посочи дека државата го добила кандидатскиот статус за членство во Европската Унија заедно со Хрватска и дека во изминатите години се направени сериозни национални отстапки. Муцунски нагласи дека Владата е фокусирана на европските реформи и целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, но дека процесот на проширување треба да биде јасен, кредибилен и предвидлив.

    „Нашата задача е да бидеме предвидлив партнер на Европската Унија, но таква предвидливост очекуваме и од земјите членки. Знаеме дека припаѓаме на Европа, но очекуваме предвидливоста да биде целосно реципрочна“, нагласи Муцунски.

    Во рамки на дискусијата, тој ја истакна стратешката важност на Коридорите 8 и 10, како од безбедносна, така и од економска и трговска перспектива. Муцунски истакна дека во енергетиката во тек е изградба на интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до LNG гасот од пристаништето Александруполис.

    Тој го нагласи и значењето на односите со Унгарија, со која државата има воспоставено стратешко партнерство: „Тоа партнерство отвори многу можности за соработка. Има значајни инвестиции од двете страни, кои ние ги олеснуваме, со цел проширување на пристапот до пазарот за унгарските компании кои доаѓаат во нашата земја, но и за македонските компании кои инвестираат или работат во Унгарија. Ја гледаме Унгарија како стратешки партнер и важен поддржувач на европскиот пат на регионот“, заклучи министерот Муцунски.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.