Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ќе се положи цвеќе – 83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во Треблинка

    Ќе се положи цвеќе – 83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во Треблинка

    11.03.2026 во 08:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Еврејска заедница во Република Македонија и Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ја одбележуваат 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка за време на Холокаустот.

    По тој повод, премиерот Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе пред спомен-обележјето во поранешниот Монопол во Скопје, по што ќе се обрати на настанот организиран во чест на жртвите и во знак на сеќавање на трагичните настани од 1943 година.

    Цвеќе ќе положи и собраниска делегација составена од пратениците Љупчо Пренџов, Дафина Стојаноска и Даниела Николова. Делегацијата ќе оддаде почит на повеќе спомен-обележја, меѓу кои и Споменикот на депортираните Евреи, како и Споменикот на паднатите борци во НОБ на Еврејските гробишта и на Градските гробишта Бутел.

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера престојуваше во Полска, каде во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ присуствуваше на комеморацијата посветена на Холокаустот на македонските Евреи. Таа им оддаде почит на жртвите и положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистичкиот окупатор во логорот на смртта Треблинка во 1943 година.

    Ден претходно, собраниска делегација предводена од потпретседателката на Собрание на Северна Македонија, Весна Бендевска, положи цвеќе на Споменикот на жртвите на холокаустот „Камена Менора“ и на споменикот на Естреја Овадија-Мара во Битола.

    Евреите од Битола, Штип и Скопје ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле собрани во скопскиот Монопол, од каде во три наврати биле депортирани во логорот Треблинка во окупирана Полска. Транспортот на Евреите од Македонија започнал на 22 март 1943 година, а до 29 март истата година биле депортирани сите македонски Евреи во Треблинка, од каде никој не се вратил.

    За само 14 месеци, од август 1942 до септември 1943 година, во Треблинка биле убиени околу 925 илјади луѓе, меѓу кои и 7.144-те македонски Евреи. 🕯️

    Прочитај повеќе

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.