Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се извини, СДСМ само сее страв и паника

    ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се извини, СДСМ само сее страв и паника

    11.03.2026 во 10:072 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС е изгубен во сопствениот ПР и секојдневно ја губи довербата на граѓаните. Политичката криза во СДС се продлабочува дополнително и со ПР конфузијата која владее во партијата. СДС тоне во сопствениот ПР на лаги, манипулации и деструкција што дополнително допринесува за падот на довербата кај граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    СДС и Филипче се обидоа да стекнат политички поен плус ширејќи лаги за наводни мигранти во Македонија но беа демантирани од сите релевантни институции. Филипче и СДС беа демантирани и од британскиот амбасадор, но сепак продолжија со лагите и измислиците.

    Венко Филипче и СДС лажеа дека никогаш не говореле за мигрантски кампови во Македонија, а самиот Филипче кажа дека Македонија станува голем мигрантски камп и црна точка во Европа.

    Колку повеќе спинови пласира СДС толку поочигледна е нивната политичка слабост и немоќ. СДС нема стратегија ниту за партијата, ниту пак за државата. СДС на чело со Филипче, а под менторство на Заев се сведе на трета партија во државата на ниво од 130.000 гласа.

    СДС и Филипче имаат конзистентна пракса на креирање спинови, испраќаат контрадикторни пораки каде меѓусебно партиските функционери се демантираат, во отсуство на аргументи извртуваат факти или пак селективно ги презентираат и на тој начин ја деградираат јавната дебата во државата.

    Наместо да се извинат на граѓаните СДС и Филипче шират лаги и ја трујат јавната дебата предводени од српските ПР агенции на чело со Башановиќ.
    На Македонија и е потребна конструктивна опозиција со конкретна визија и проекти, а не партија која шири страв и сее паника.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.