Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Села: Електронското евидентирање прекршоци прави нееднаквост меѓу граѓаните – Уставен ќе расправа

    Села: Електронското евидентирање прекршоци прави нееднаквост меѓу граѓаните – Уставен ќе расправа

    11.03.2026 во 10:212 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На дневен ред на денешната седница на Судот се вкупно девет предмети за дискусија, едно барање за преиспитување на одлука на Уставниот суд и два предлози за донесување конечни одлуки.

    Меѓу иницијативите е и онаа на Славко Лазовски со која се оспорува терминот „привремен“ во Законот за таксата за привремен престој, поради наводна несогласеност со современите уставни вредности.

    Судот ќе разгледува и иницијативата на Игорчо Точев за оспорување на дел од член 34 став 5 од Законот за минерални суровини, како и одлука за присоединување на компанијата „Боров Дол“ кон „Бучим“, поради наводи за можност за арбитрарно определување на надоместок.

    Три иницијативи се поврзани со Законот за прекршоците, поднесени од пратениците Зиадин Села, Илире Даути и Елми Азири, како и од Или Пачуку и политичката партија предводена од Арбен Таравари. Тие тврдат дека новите решенија за електронско евидентирање на сообраќајни прекршоци создаваат нееднаквост, бидејќи системот се применува само во Скопје, Тетово и Куманово.

    Дополнително, на седницата ќе се расправа за иницијативи поврзани со Законот за јавните набавки, Законот за забавни игри и игри на среќа, измените на Законот за метрологијата, како и одлука на Општина Центар – Скопје за утврдување висината на нултата плоча кај градби на терени во пад.

    Судот ќе разгледува и иницијатива за оценување на член од статутот на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот и комунално-станбеното стопанство, поради наводи дека работниците не можат да истапат од синдикатот во период од три години.

    На дневен ред е и барањето за преиспитување на одлука на Уставен суд на Република Северна Македонија, поднесено од Вера Апостоловска, во кое се оспорува учеството во гласањето на судијката Елизабета Дуковска.

    Конечно, ќе се разгледаат и два предлога за донесување конечни одлуки по предмети каде Судот веќе постапувал за оценување на уставноста на измените на законите за платите на судиите, јавните обвинители и членовите на Советот на јавните обвинители.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.