- Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти
- Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
Author: Author 04
Денеска нè очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат поизразени во претпладневните часови во источните делови на земјата. На планините и на повисоките места се очекуваат врнежи од снег. Според синоптичарите, попладне врнежите ќе престанат во целата држава, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 9 степени, додека минималните ќе се спуштат до 2 степени. Во Скопје времето ќе биде облачно, особено претпладне со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 3…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати драматично предупредување до европската јавност во своето традиционално божиќно интервју за „Маџар Немзет“. Според него, Стариот континент, кој ужива во редок 80-годишен мир по завршувањето на Втората светска војна, сега се наоѓа на работ на провалија поради политиките на Брисел. „Европа се движи кон воена состојба со хипербрзина. На последниот самит во Брисел успеавме само малку да го забавиме тој процес, но не и да го запреме“, вели Орбан. Тој јасно порача дека во моментов во Унијата преовладува „воениот табор“, нагласувајќи ја острата поделба: „Брисел сака војна, а Унгарија сака мир“. Според него, конфликтот во…
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешниот брифинг со медиумите оцени дека изминатава година поминала во знакот на вистински, а не козметички промени. Клучниот пресврт се случи во јуни со донесувањето на трите системски закони кои го поставија темелот за модерна и департизирана администрација. „Со формирањето на Академијата за едукација на јавните службеници и новите правила за вработување, покажуваме дека интегритетот и резултатите се единствената мерка за успех. Ова не е само законска рамка, туку дел од Кластерот ‘Основи’ кој е клучен за нашиот пат кон ЕУ“, истакна Минчев. Тој додаде дека сите закони се донесени преку широк и…
Стејт департментот на САД повлече радикален потег воведувајќи забрана за влез на пет истакнати европски фигури, обвинувајќи ги за „цензура на американските ставови“ на дигиталните платформи. На врвот на црната листа е поранешниот еврокомесар Тиери Бретон, архитектот на Законот за дигитални услуги на ЕУ (DSA), кој американската администрација го гледа како напад врз слободата на говорот. Бретон не остана должен и остриот потег на Вашингтон го спореди со ерата на Мекартизмот и ловот на комунисти во САД. „До нашите американски пријатели: Цензурата не е таму каде што мислите дека е“, порача Бретон на платформата X, додека француската влада застана зад…
Како што информираа од МВР, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе), поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска (24.12.) поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) – за кривично дело „трговија со дете“ (418-г ст.1 и ст.2), против лицата И.Д.(56), А.С.(30) и Л.С.(28) за сторено кривично дело – „трговија со дете“ (418-г ст.3) и против лицето – Р.М.(31) за кривично дело -…
Собранието денеска, во рамки на 75-тата седница, ги избра Мухамет Хоџа за нов министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски прашања. Новите членови на извршната власт веднаш дадоа свечени изјави пред пратениците, со што и официјално го почнаа својот мандат. Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница истакна дека со овие предлози се обезбедува целосна функционалност и континуитет на клучните ресори. За Хоџа, премиерот нагласи дека неговото долгогодишно искуство во администрацијата е гаранција за стабилност, додека за Сали посочи дека неговото претходно министерско искуство и мандатот во законодавниот дом ќе придонесат за подобра координација…
Апелациониот суд во Гостивар ги преиначи пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница во кој животите ги загубија 14 лица. Наместо првично досудените година и половина, двајцата поранешни директори, Флорим Бесими и Артан Етеми, сега се осудени на по три години ефективна затворска казна. Судиите од повисокиот суд ги одбиле жалбите на обвинетите и ги уважиле барањата на Обвинителството за построги санкции. Со оваа одлука, поранешните раководители на Клиничката болница ќе мора да отслужат двојно поголема казна за тешки дела против општата сигурност. Дополнително, на правното лице му е изречена зголемена парична казна во износ од 1.300.000 денари.
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека е во тек рокот за поднесување Барање за паушално оданочување (образец ДЛД-П www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/1166/89-19-DLD-P_07.05.2019.pdf) за 2026 година. Паушалното оданочување, како што велат, претставува режим на поедноставено оданочување при кој даночните обврзници немаат обврска да водат деловни книги и деловна евиденција. -Во рамки на овој режим, обврзникот не поднесува даночни пријави и даночни биланси, туку данокот се пресметува и плаќа во паушален износ, утврден од страна на Управата за јавни приходи со даночно решение, врз основа на законски утврдени критериуми како што се: видот на дејноста, локацијата, очекуваните приходи и други релевантни фактори,…
Владата не се грижи за граѓаните и за повисоки плати, туку приоритет ѝ се партиските тендери, рече потпреседателката на СДСМ, Јована Тренчевска на денешната собраниска седница, потенцирајќи дека решенијата што се преземаат се само за да се зачува власта, додека суштинските потреби на граѓаните се игнорираат. Таа појасни дека Владата нема ресурси за реални решенија кои би ја подобриле економската ситуација на граѓаните. „Власта нема пари за граѓаните. Нема пари за поголеми плати, нема пари за пензии, нема пари за поголема минимална плата. Дупката во буџетот е 1 милијарда евра. Зошто? Заради тендери. Исто е кој е министер, нема никаква…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар. „Со особено задоволство, на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, срдечно Ви го честитам денот на Христовото раѓање – Божиќ. Нека овие светли празнични денови Ви донесат добро здравје, духовен мир и радост, исполнувајќи ги Вашите домови со спокој, љубов и топлина. Божиќ, како еден од највозвишените христијански празници, нè потсетува на вечните вредности: солидарноста, човечноста и надежта, коишто ги зближуваат луѓето и…
