Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа претседател и судски администратор: Земале илјадници евра поткуп за влијание

    Паднаа претседател и судски администратор: Земале илјадници евра поткуп за влијание

    14.05.2026 во 16:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска предметен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание.

    Осомничените во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како Претседател и Судски администратор, барале и примиле парична награда во износ од 8.000 евра, а второосомничениот и износ од 800 евра, со цел да интервенираат кај судија на Основниот суд Гостивар и совет на судии во Апелациониот суд Гостивар за извршување службено дејствие што не би смеело да се изврши.

    На почетокот на 2023 година осомничените му ветиле на лице кое било странка во постапка во граѓански спор да му помогнат. За надомест од 5.000 евра тие требало да интервенираат кај судија во Основниот суд Гостивар да донесе решение за повторување на постапката за која била донесена одбивателна пресуда. Откако не успеале, повторно, по барање на осомничените на дополнителни парични средства во износ од 3.000 евра требало да интервенираат кај судии во втор степен за укинување на решението со кое не било дозволено повторување на постапката. Подоцна износ од 800 евра како награда му биле дадени на второосомничениот со цел да заврши работа по однос на доставениот писмен документ од извршител.

    Обвинителот до судија на претходна постапка достави предлог за определување на мерки на претпазливост и за двајцата осомничени и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.