Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Силјановска-Давкова за изјавата на бугарската министерка: Никој не може да ни ја забрани придавката „македонски“

    Силјановска-Давкова за изјавата на бугарската министерка: Никој не може да ни ја забрани придавката „македонски“

    14.05.2026 во 15:511 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска порача дека Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но дека употребата на придавката „македонски“ во однос на идентитетот и народот не може да се забрани.

    Реакцијата на претседателката следува по новинарски прашања за вербалната нота врачена до бугарскиот амбасадор, поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија, Велислава Петрова-Чамова, која го употреби терминот „северномакедонски“.

    Силјановска-Давкова нагласи дека нејзиниот став кон договорот од Преспа не е променет и дека токму потписниците треба први да инсистираат на негово доследно почитување во меѓународните односи.

    „Не се забранува ниту, пак, може да се забрани употребата на придавката македонски. Впрочем, тоа е и дел од самиот договор. Е, сега, оние што го поддржале и што го потпишале договорот први треба да укажуваат на неговото почитување“, изјави претседателката.

    Таа изрази очекување за конструктивност од новата влада во Бугарија, потенцирајќи дека регионалното разбирање е клуч за евроинтеграцискиот пат на целиот Западен Балкан.

    Прочитај повеќе

    Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн

    30.10.2026 во 21:19

    Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси

    30.10.2026 во 19:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.