Author: Author 04

Млад брачен пар од Арканзас се соочи со законот откако биле фатени во обид да го „трампаат“ своето шестмесечно бебе за пакување пиво и паричен надомест. Таткото Дариен Урбан (22) е осуден на три години затворска казна и дополнителни три години условно, додека мајката Шајлин Елерс (21) помина со шестгодишна условна казна. Инцидентот се случил во камп во Бивер Лејк, каде родителите дури потпишале и бизарен писмен договор за откажување од родителските права. „Дарен Урбан и Шајлин Елерс ги пренесуваат нашите права врз нашето момче на Коди Натаниел Мартин за 1.000 долари. Откако ќе го потпишеме ова, нема да се…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ја брануваше јавноста со својата празнична честитка објавена на неговата социјална мрежа „Социјална вистина“. Иако упати желби за Среќен Божиќ до сите граѓани, тој не пропушти можност за остар напад врз неговите политички неистомисленици. Во својата објава, Трамп демократите и своите противници ги нарече „радикално левичарски ѓубриња“, обвинувајќи ги за обиди за уништување на државата. „Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарските ѓубриња кои прават сè што можат за да ја уништат нашата земја, но целосно не успеваат во тоа. Повторно сме почитувани, можеби како никогаш досега. Бог да ја благослови Америка!!!“,…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче по повод големиот празник, Христовото раѓање – Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов. „На сите припадници на Католичката црква и на сите христијани кои денеска го слават Христовото раѓање, им упатувам искрени честитки по повод големиот празник Божиќ. Божиќ е празник на надежта, љубовта и заедништвото. Овој голем празник нè потсетува дека само со солидарност, меѓусебна почит и грижа едни за…

Повеќе

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија потврди дека Македонија нема да ја прифати понудата од Бугарија за итна испорака на мазут. Одлуката следува по вчерашниот телефонски разговор меѓу министерот Тимчо Муцунски и неговиот бугарски колега Георг Георгиев. Муцунски му се заблагодарил на Георгиев за понудената поддршка, но истакнал дека домашниот енергетски систем во моментов е стабилен и нема потреба од дополнителен увоз по овој основ. „Утрово беше остварен телефонски разговор меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев. Министерот Муцунски изрази благодарност за понудената помош, при што…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, појасни дека толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде идентична со онаа што веќе се применува кај стандардните полициски радари. Тој нагласи дека овие олеснувања важат само за сообраќајни прекршоци, но не и за кривични дела сторени во сообраќајот. Според министерот, за брзини до 100 километри на час ќе се толерира надминување од 6 километри, додека за брзини над 100 километри на час толеранцијата е 8 километри. Доколку возите со брзина над 200 километри на час, системот ќе има отстапка од 12 километри. „Доколку дозволената брзина е 50 километри на час, системот…

Повеќе

Христијанските верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар денеска го празнуваат Божиќ, еден од најголемите празници со кој се слави раѓањето на Исус Христос. Празникот, кој е симбол на мирот и надежта, традиционално се прославува во кругот на семејството со заедничка молитва и празнични богослужби. Според востановените обичаи, верниците рано наутро присуствуваат на свети миси, по што празникот продолжува со семеен ручек. Празничната атмосфера во домовите е надополнета со традиционално украсени елки под кои се оставаат подароци за најмладите, како и симболични фигури кои го претставуваат раѓањето во Витлеем. „Исус се родил во штала во градот Витлеем пред повеќе од…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат Божиќ според грегоријанскиот календар, посакувајќи им благосостојба, духовен мир и добро здравје. Во својата порака, премиерот повика на единство и меѓусебна поддршка за надминување на заедничките предизвици. „Нека раѓањето на Спасителот ни донесе надеж, единство и топлина во срцата, особено во времиња кога ни е потребна заедничка сила и поддршка. Да подадеме рака кон нашите ближни и нашите сограѓани, без оглед на разликите, на оние на кои им е потребна нашата помош, на најранливите категории и на сите оние на кои се соочуваат со предизвици“, истакна Мицкоски.…

Повеќе

АМСМ предупредува на значително намалена видливост поради појава на густа магла на неколку патни правци низ државата. Најкритична е состојбата на планинските премини Плетвар, Пресека, Ѓавато и Маврово, каде видливоста е ограничена на само 30 метри. На планинскиот премин Стража видливоста е до 40 метри, додека во Крушево маглата ја намалува видливоста до 50 метри. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење и особено внимателно управување со возилата низ котлините и клисурите поради можност од одрони. Ова особено се однесува за правците: Интензитетот на сообраќај надвор од градските…

Повеќе

Во судницата во затворот Идризово денеска продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште е предвидено своите воведни зборови да ги даде одбраната на Александар Нацев, за кого Обвинителството тврди дека дејствувал како неформален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, како и правните лица вклучени во случајот. Досега сите обвинети се изјаснија за невини за трагедијата во која животот го загубија 63 лица. Обвинителот Борче Јанев во своето воведно излагање претходно порача дека ова не е само потрага по одмазда, туку по институционална одговорност за објект кој со години работел без соодветни контроли и…

Повеќе

Зимата што претстои ќе биде за околу еден степен потопла од повеќегодишниот просек, но со повремени студени бранови, покажуваат најновите климатски очекувања. Според анализата на професорите Владо Спиридонов и Ивица Милевски, не се очекуваат долготрајни екстремни студови, туку претежно променливо и умерено топло време. Студени периоди со температури под нормалата се очекуваат од крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари. Во Скопје и Штип средните температури ќе се движат од 1 до 4 степени, додека на планините од 0 до -3 степени. „Бројот на мразни денови ќе изнесува 30–55 во низините и 60–75 на…

Повеќе