- Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
- Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип
Author: Author 04
Денес официјално започна втората фаза од кампањата што ја водат СНС и Александар Вучиќ во Македонија, преку својата испостава – ВМРО Ванчовистичка, велат од СДСМ.„Кампањата се темели на целосна поделба на општеството. Мицкоски во последно време повеќепати користи исклучително грд наратив кон граѓаните на Македонија. Денес, во Собранието, тој инсистираше секој граѓанин што не ја поддржува неговата политика да биде опишан како, цитираме: „талог на општеството“. Секој што е против изолацијата на Македонија и против отстапувањето од европскиот пат на интеграции, според него, припаѓа на таа група. Ова веќе со години го гледаме кај Вучиќ и СНС, а особено во…
Вчера во 16:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново, Скопско, по претходна меѓусебна пресметка со огнено оружје помеѓу неколку лица, кои биле со две возила, оштетено било возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.Б., кое случајно се затекнало на местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар на с.Трубарево, скопско, е пронајдено и извлечено тело на машко лице. По извршена проверка констатирано е дека е П.С.(71) од Скопје за кој на 23.12.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против против А.С.(64) од с.Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот како директор во основно училиште во с.Ростуше, ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што овозможил вработување на несоодветен кадар, односно нестручни наставници кои предаваат на ученици во с.Ростуше и одделенски наставници во с.Велебрдо и с.Требиште, а немале завршени студии. Тие не биле соодветни да извршуваат настава согласно Законот за наставници и стручни соработници, а било констатирано од страна на Државен просветен инспекорат при инспекциски…
По необично топлот декември со температури до 10 степени, Копаоник конечно ја доби вистинската зимска лика. Студениот бран ја спушти температурата на -3°C, а планината побеле со нов снежен слој кој се очекува да достигне до 10 сантиметри. Додека скијачите уживаат во новите врнежи, метеоролозите најавуваат дека вистинскиот студ допрва доаѓа. Иако до крајот на годината ќе преовладува сончево време, температурите ќе се движат во длабок минус, од -9 до -3°C, што се идеални услови за работа на топовите за вештачки снег. Новогодишната ноќ на планината ќе биде екстремно студена, а првите денови од Новата година ќе донесат „сибирски“ услови…
Во текот на денот, обилни снежни врнежи ја зафатија територијата на општина Кладово, а сите расположиви екипи се на терен и работат на расчистување на патиштата. Градоначалникот на општина Кладово, Саша Николиќ, го посети местото заедно со дежурните служби за да се увери дека сите активности за чистење на патиштата се одвиваат според планот. Тој апелира до возачите да го прилагодат своето возење на моменталните услови на патот.
Полски борбени авиони пресретнаа, визуелно идентификуваа и следеа руски извидувачки авион кој леташе над Балтичкото Море во близина на границата на полскиот воздушен простор, соопшти денес Оперативната команда на полските вооружени сили. „Наутро, над меѓународните води на Балтичкото Море, полски борбени авиони пресретнаа, визуелно идентификуваа и следеа од нивната зона на одговорност руски извидувачки авион кој леташе во близина на границата на полскиот воздушен простор“, се вели во соопштението објавено на платформата X, објави Ведомости. Како што е објавено, објектите влегле и во полскиот воздушен простор од правец на Белорусија во текот на ноќта. „По детална анализа, беше утврдено дека…
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги потсетува студентите дека од денеска, 25 декември, започнува процесот на продолжување и заверка на годишните билети за бесплатен превоз за претстојната 2026 година. Заверката се врши со лично присуство во кој било центар за персонализација на ЈСП, а студентите треба да ги подготват следниве документи: Од ЈСП појаснуваат дека оваа обврска не важи за бруцошите кои го извадиле билетот за студиската 2025/2026 година – нивните билети автоматски ќе бидат валидни и за наредната календарска година.
Јавното претпријатие „Македонијапат“ информира дека на неколку патни правци низ државата се бележат врнежи од снег и намалена видливост. Снег со слаб интензитет паѓа на патиштата Пехчево-Обозна-Берово и Суви Лаки, но засега не се задржува на коловозот. Многу посериозна е состојбата со маглата, која ја намалува видливоста до 100 метри на планинските премини Стража и Ѓавато, како и во Крушево. „Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони“, соопштуваат од „Македонијапат“.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека владата на ДУИ и СДСМ каде прв вицепремиерот беше Артан Груби препорача да се укине балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување пред сè на граѓаните Албанци, а Законот за правична застапеност кој го изготви оваа влада доби позитивна препорака од Венецијанска комисија, а одлуките на комисијата се спроведуваат согласно методологијата за пристапување кон ЕУ. „Не е точно и не е вистина дека со доаѓањето на оваа Влада е избришан инструментот балансер, вистината е дека Владата во која беше…
