Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Танкер гори во Ормутскиот теснец: Носел нафта и удрил во мина
    • Андоновски од Сеул: Вештачката интелигенција не смее да биде привилегија само на богатите држави
    • Маск ги ограничи сателитските услуги за Украина
    • Хорор за скопјанка: Екс-партнерот ја истепал и ја оставил без телефон и паричник
    • Дневен хороскоп: Финансиите во фокус за Овните, нови можности за Девиците
    • Пожар по полноќ во Аеродром – Пожарна и полиција веднаш на терен
    • Семејна драма во Македонија: Ја истепал сопругата па сам се пријавил во полиција
    • Чад ја обви Струмица, пожарникарите на терен: Пожарот на депонијата сè уште бара интервенција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп го губи трпението: Иран мора да склучи договор

    Трамп го губи трпението: Иран мора да склучи договор

    15.05.2026 во 11:152 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го губи трпението со Иран, по разговорите што ги водеше со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг во врска со воениот конфликт на Блискиот Исток.

    Според соопштението на Белата куќа, Трамп и Си постигнале согласност дека Ормускиот Теснец мора да остане отворен за пловидба. Ова прашање стана критично откако Иран го затвори теснецот за поголемиот дел од бродовите по почетокот на американско-израелските напади на 28 февруари, предизвикувајќи сериозни нарушувања во глобалното снабдување со енергенси.

    „Нема уште долго да бидам трпелив. Иран мора да склучи договор“, изјави децидно Трамп, кој во својот говор директно се осврна и на прашањето со иранските залихи на збогатен ураниум.

    Американскиот претседател информираше дека за време на средбата добил уверување од својот кинески колега дека Пекинг нема воено да го помага Техеран во овој конфликт.

    „Тој рече дека нема да дава воена опрема и тоа е голема изјава“, кажа Трамп, нагласувајќи ја важноста на ветувањето од Си Џинпинг.

    Експертите и аналитичарите оценуваат дека со овој потег Трамп се обидува да обезбеди силна кинеска поддршка за ставање крај на конфликтот. Ова прашање, според нив, станува клучен политички адут за администрацијата во Вашингтон пред претстојните американски меѓуизбори кои ќе се одржат во ноември.

    Прочитај повеќе

    Танкер гори во Ормутскиот теснец: Носел нафта и удрил во мина

    21.10.2026 во 09:21

    Маск ги ограничи сателитските услуги за Украина

    21.10.2026 во 09:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.