Author: Author 04

Минималната нето-плата во Турција од почетокот на следната година ќе изнесува 28.075 турски лири, односно околу 556 евра. Одлуката ја соопшти министерот за труд и социјална политика, Ведат Ишихан, по серијата преговори меѓу социјалните партнери што се одржаа во текот на декември. Ова претставува зголемување од 27 проценти во споредба со претходната година, мерка која директно ќе влијае врз животниот стандард на седум милиони вработени. За да се олесни товарот врз приватниот сектор, државата ќе ги субвенционира работодавците со 1.270 лири (25 евра) за секој работник на минималец. Дополнително, турските власти воведуваат и нова социјална мерка – можност за полудневно…

Повеќе

Западниот дел на италијанските Алпи неделава е под опсада на екстремно невреме, а во одредени предели висината на снежната покривка достигна неверојатни три метри. Најкритично е во Прато Невосо, на надморска височина над 1.600 метри, каде снежните наноси ги надминаа сите очекувања. Обилните врнежи предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот и безбедноста. Поради висок ризик од појава на лавини, тунелот Тенда, кој ја поврзува Италија со Франција, е целосно затворен за движење во двата правци. Покрај снегот на планините, пониските предели во областа Кунео беа погодени од силен дожд и снег кои дополнително ја отежнаа комуникацијата меѓу населените места. The insane…

Повеќе

Европската комисија подготвува нов пакет мерки кои би можеле значително да ги погодат сопствениците на постари возила, вклучително и оние со стандарди Евро 5 и Евро 6. Предлогот предвидува задолжителни годишни технички прегледи за сите автомобили и лесни комерцијални возила постари од десет години, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се намалат штетните емисии. Главната контроверзија произлегува од планот за ретроактивна примена на новите еколошки критериуми. Ова значи дека возилата регистрирани пред 2013 година (Евро 5б) и пред септември 2018 година (Евро 6в) би морале да поминат дополнителни тестови за емисии и честички кои не биле…

Повеќе

Многу жители на североисточна Словенија веќе поминаа две ноќи без електрична енергија. Иста е ситуацијата и во областа Халоже, изјави за 24ur еден локален жител, кој ја сумираше ситуацијата со зборовите: „Половина метар снег и два дена темнина“. Електро Марибор вечерта објави дека, иако успеале да им вратат струја на многу луѓе на Божиќ, некои домаќинства ќе останат без електрична енергија уште една ноќ. Според податоците на нивната веб-страница, речиси 1.900 корисници се уште се без струја. Во повисоките области на Халоже, прекините во електричната енергија траат втор ден по ред, за кои се вели дека се резултат на снегот…

Повеќе

Комисијата за стручен надзор, формирана од Министерството за здравство по повод смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), констатираше дека медицинскиот персонал постапил согласно сите утврдени процедури. Според официјалното соопштение, реанимациската постапка е спроведена по протокол. Надзорот, кој вклучувал увид во медицинската документација, изјави од персоналот и обдукцискиот наод, утврдил дека се работи за предвремено родено бебе со сериозни здравствени компликации, вклучително и тешка инфекција и респираторни проблеми. И покрај итната антибиотска терапија и поставувањето на механичка вентилација по раѓањето, состојбата на новороденчето се влошила, што довело до фатален исход. „Комисијата, по извршениот надзор и врз основа…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави воведување на „центарска картичка“ – нова услуга наменета исклучиво за жителите на оваа општина. Картичката, која ќе биде електронска и со уникатен бар-код, има за цел да го подобри животниот стандард и да го стимулира локалниот бизнис. Преку овој проект, граѓаните ќе можат да користат попусти во театри, музеи, аптеки, фитнес центри и угостителски објекти кои работат на територијата на општината. Постапката за аплицирање започнува во јануари, а картичките ќе станат функционални од март. Покрај картичката, Герасимовски најави и зголемување на социјалните надоместоци. Помошта за пензионерите со ниски примања се удвојува, а се…

Повеќе

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.З.(22) од село Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги’’. – На 25.08.2025 во двор на основно училиште во село Банско, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Марихуана е пронајдена и кај уште едно лице, која му ја дал пријавениот, информираа од полицијата.

Повеќе

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) најави нови мерки за контрола на препишувањето на лекови, со посебен акцент на антибиотици и анксиолитици. Генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, истакна дека минатата година вреднувањето на матичните лекари било зголемено, а сега се очекува и поголема одговорност од нивна страна, вклучувајќи придржување до казнената политика доколку се надминат квотите за пропишување на овие лекови. „Имаме ограничување за препишување само кај антибиотици и анксиолитици“, појасни Клековски. Како втора мерка, ФЗО ќе воведе е-рецепт, кој ќе овозможи позадинска контрола на индикациите и дозирањето на лековите. Системот е веќе тестиран кај матични лекари и во аптеки,…

Повеќе

Целосно ја разбираме загриженоста на јавноста за квалитетот на воздухот во градот, но нашата компанија не е причина за тоа. Напротив, ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники во производството на цемент. Технологијата која се применува во ТИТАН Усје соодветствува со најдобрите компании од оваа индустрија во Европската Унија. Целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања кон ТИТАН Усје, кои се невистинити и не се засноваат на факти и на научни податоци. За жал, и овој пат компанијата се користи како изговор за неосновани напади, иако реалните, научни и мерливи факти јасно укажуваат дека причините за загадувањето треба да се бараат на друго…

Повеќе

Во пресрет на новогодишните прослави, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) упати итен апел до сите сопственици на угостителски објекти и организатори на настани. Целта е да се спречат несакани инциденти и да се обезбеди максимална заштита на граѓаните. Клучните барања на ДЗС вклучуваат: Од Дирекцијата нагласуваат дека персоналот мора да биде подготвен за брза реакција во итни ситуации, потсетувајќи дека ова не е само законска, туку и морална обврска.

Повеќе