Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Кузеска: Се подготвува нова шема за финансирање на Алфа ТВ преку Алта банка

    (ВИДЕО) Кузеска: Се подготвува нова шема за финансирање на Алфа ТВ преку Алта банка

    15.05.2026 во 13:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозицискиот СДСМ денеска јавно обвини за наводна нова координирана шема за преземање и финансирање на Алфа ТВ. Како што изјави портпаролката и членка на Извршниот одбор на партијата, Богданка Кузеска, информациите до нив стигнале од свиркачи, а целиот процес наводно го координира вицепремиерот Александар Николоски по директна насока на премиерот Христијан Мицкоски.

    Според партијата, промените во Унгарија ја загрозуваат досегашната медиумска структура во регионот, по што се бара начин за пренасочување на фондовите во земјава преку конкретни финансиски институции.

    Опозицијата тврди дека планот предвидува вклучување на нови компании кои треба да го преземат сопственичкиот удел и техничките капацитети на медиумот, со цел да се заобиколат сегашните блокади.

    „Во Македонија, планот е преку нови фирми регистрирани кај нас да се преземат концесијата, опремата и студијата на Алфа ТВ, а целиот финансиски механизам да оди преку Алта банка. Алфа Скоп, фирмата сопственик на Алфа ТВ е блокирана сметка, должи 100.000 евра и веќе е пред стечај“, изјави Кузеска.

    Дополнително, од СДСМ посочуваат дека во тек е и позиционирање на кадровски решенија во регионалните медиумски претставништва кои треба да бидат дел од оваа операција.

    „Нашите инфромации говорат дека Ивона Талевска од пред неколку денови е назначена за координатор на Еуроњуз за Македонија преку преставиштвото на Еуроњуз во Србија. Тоа е првиот дел“, се наведува во партиското соопштение.

    Кузеска додаде дека стратегијата вклучува и формирање на посебна маркетинг агенција која преку ПР активности за банката би обезбедувала средства за медиумска поддршка на владејачката партија.

    Од СДСМ потсетуваат дека веќе имаат поднесено соодветни правни пријави за претходното работење на медиумот и побараа итна реакција од истражните органи за најновите сознанија.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.