Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:19

    УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово

    28.05.2026 во 13:11

    Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење

    28.05.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”
    • УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово
    • Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење
    • Невреме го зафати и Куманово и Струмица
    • Манасиевски: Филипче е подготвен за уставни измени и редефинирање на историјата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи погазување на достоинството
    • Предупредување за пчеларите: Од први јуни започнува авионската дезинсекција против комарци во Скопје
    • Невреме го зафати Штип: Силни грмежи, пороен дожд и ветер
    • (ФОТО) „Крај за бркањето глодари и неисправни бојлери“: Јаневска најави модерни услови во реновираните студентски домови од новата академска година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Повеќе од 20.000 повици за само неколку дена: МВР и А1 Македонија со национална кампања за одговорно користење на технологијата во сообраќајот

    Повеќе од 20.000 повици за само неколку дена: МВР и А1 Македонија со национална кампања за одговорно користење на технологијата во сообраќајот

    15.05.2026 во 13:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи и А1 Македонија денеска официјално ја претставија националната општествено одговорна кампања „Одговорно со технологијата“, насочена кон подигнување на јавната свест за ризиците од користење мобилен телефон и дигитална дистракција во сообраќајот.

    Кампањата има за цел да поттикне поголема одговорност кај сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци, велосипедисти и корисници на електрични тротинети, испраќајќи јасна порака дека ниту еден телефонски повик или нотификација не вреди повеќе од човечкиот живот.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност и дека ваквите иницијативи имаат особено значење во подигнувањето на јавната свест.

    „Една секунда невнимание може да има трајни последици, па затоа е важно континуирано да потсетуваме дека секој од нас носи одговорност кога учествува во сообраќајот. Кампањи како оваа придонесуваат пораката да стигне до што поголем број граѓани, да поттикнат поголема свесност и промена на навиките, но и да покажат дека партнерството помеѓу институциите и приватниот сектор може да создаде силен општествен импакт“, истакна министерот Тошковски.

    Во центарот на кампањата беше телефон што ѕвони без одговор – симбол на повик што никогаш нема да биде возвратен. Со пораката „Јави се и слушни“, иницијативата во изминатите денови предизвика силни реакции кај јавноста и отвори простор за разговор за последиците од невниманието во сообраќајот.

    За само неколку денови, телефонскиот број од кампањата бил повикан повеќе од 20 илјади пати, а пораката предизвикала илјадници реакции, споделувања и коментари на социјалните мрежи и во медиумите.

    Главниот извршен директор на А1 Македонија, Методија Мирчев, истакна дека компанијата преку оваа иницијатива сака да поттикне реална промена во однесувањето и поголема свесност за важноста на вниманието во сообраќајот.

    Од МВР и А1 Македонија посочија дека кампањата „Одговорно со технологијата, за побезбеден сообраќај“ ќе продолжи и во наредниот период преку повеќе активности и комуникациски канали, со цел поттикнување поголема безбедност и одговорност кај сите учесници во сообраќајот.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:19

    УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово

    28.05.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.