- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
Author: Author 04
По повод Меѓународниот ден на семејството, Орце Ѓорѓиевски денеска го посети СОС Детско село, каде оствари средби со децата и младите кои таму го наоѓаат својот дом. Нагласувајќи дека ова била една од неговите најемотивни посети досега, тој најави конкретни чекори за поддршка на овие херои. Најважната вест е дека со следниот ребаланс на буџетот, Град Скопје ќе обезбеди директни субвенции за секое згрижувачко семејство. Целта е на овие дечиња да им се олесни патот кон стабилен и достоинствен живот. „Овие дечиња за мене се вистински херои. Нашата поддршка нема да остане само на зборови, туку ќе биде со дела.…
Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи. По цела деценија, „Реплек“ останува единствена компанија во регионот која развојот, производството и стабилноста на производите од медицински канабис ги темели на најстроги фармацевтски стандарди и на долгогодишното искуство во фармацевтското производство. Токму ваквиот пристап овозможува гаранција за безбедност, највисок квалитет и стандардизиран…
Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од 2026 година кај над 40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30% се неправилности кои директно значат неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса.Во овој период, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 960 теренски контроли за фискализација, што е зголемување за 5% во однос на истиот период во 2025 година. Со контролите беа опфатени различни типови деловни субјекти:•434 угостителски објекти;•318 трговски објекти;•201 услужен објект;•7 приредувачи на игри на…
Општина Аеродром, во соработка со компанијата ЕКОТИП, воведе современа Tersano SAO® технологија за чистење, дезинфекција и дезодорирање во сите објекти на детската градинка „Буба Мара“, со што се поставуваат нови стандарди за хигиена, безбедност и грижа за здравјето на децата. Денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и комерцијалната директорка на ЕКОТИП, Ина Милошевска, извршија увид во функционирањето на новата технологија што веќе се применува во повеќе објекти на територијата на општината. Станува збор за иновативен и еколошки систем кој преку стабилизирана озонска технологија создава средство за чистење и дезинфекција без…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.А.(44) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од 13.03.2026 до 24.03.2026 пријавениот следел и вознемирувал 15-годишна малолетничка преку апликација на мобилен телефон.
Вчера во 08:38 часот во СВР Скопје, А.С.(38) од Скопје пријави дека при чистење на дворот на подрачјето на Гази Баба пронашол стара рачна бомба. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гази Баба, а бомбата била подигната за понатамошна постапка.
Вчера во 20:30 часот во СВР Скопје, Н.Т.(38) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на детско игралиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзината седумгодишна ќерка била нападната од куче со сопственик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 11:05 часот вo СВР Скопје е пријавено дека во с.Инџиково, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.С.(70). Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а сопственикот Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје настанал пожар на кровна конструкција од угостителски објект. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен.
На 14.05.2026 во 14:30 часот во СВР Велес, 58-годишна жена од село во општина Градско, пријави дека била измамена за сума од 240.000 денари. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар во Општа болница Велес и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болницата со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат, за што требало да плати, а парите да ги донесе во болница. Како што е пријавено, во дворот од болницата ја пречекало женско лице на кое ги дала парите, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
