- Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
- Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
- Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
- Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
- Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
- САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
- Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
- УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
Author: Author 04
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со кратко вонредно соопштение за моменталната состојба со времето во државата. Според официјалните мерења на метеоролозите, во моментов се регистрирани нагли промени на дестабилизација на атмосферата. „Во западните и централните делови од земјата имаме врнежи од пороен дожд и ретки грмежи“, соопштија кратко од УХМР.
ВЛЕН на дело докажува дека политиката ја разбира единствено како обврска за носење решенија, а не како платформа за празни зборови и бескрајни ветувања. Нашата мисија е јасна, институционално да ги исправиме неправдите кои со децении беа наталожувани како последица на половични решенија и политички пазарења од минатото. „Студентите и младите генерации се нашето најголемо богатство и нивна обврска е да учат, да напредуваат и слободно да го кренат својот глас за сопствените права. Токму затоа, испраќаме јасна и силна порака до јавноста: не смее и нема да дозволиме зад искрените студентски иницијативи да се кријат компромитирани политичари и структури…
Македонија претрпе многу уставни измени кои наликуваат на уставен инженеринг инициран однадвор, како тие од Рамковниот и Преспанскиот договор, а сега повторно се бара вметнување на Бугарите во Уставот за почеток на преговорите со ЕУ. Ова го порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за време на предавањето на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“. Претседателката во своето излагање го образложи предложениот модел за деблокада на евроинтегративниот пат на државата, со кој се бараат јасни гаранции. „Нашето соломонско решение е доколку ги направиме измените и тие навистина бидат последни, да стапат на сила…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференција на портпаролот Валентин Манасиевски упати сериозни обвинувања до претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Од партијата тврдат дека опозицискиот лидер веќе две недели избегнува да го осуди говорот на бугарската министерка Петрова Чамова, во кој македонските граѓани беа наречени „северномакедонци“. Според Манасиевски, ваквиот однос на Филипче покажува одобрување на политиките со кои се потчинува државата. „Венко Филипче скоро две недели наоѓа изговори и не го осудува недостоинствениот говор на бугарската министерка Петрова Чамова која не нарече “северномакедонци”, Филипче дури и се гордее на тие успеси со кои ја потчинија државата пред останатите“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително,…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати по повод 150-годишнината од кревањето на Разловечкото востание во селото Разловци, општина Делчево. Во својот говор, тој упати порака за зачувување на државата и повика на национално обединување околу државните интереси, нагласувајќи дека личните амбиции не смеат да бидат поважни од иднината на децата. Мицкоски потенцираше дека Разловечкото востание не било само оружен отпор, туку почеток на будењето на народната свест и темел на револуционерната борба што подоцна прераснала во Илинден. „Денес татковината не ја браниме со пушка во рака. Денес ја браниме со мудрост, со работа, со економски развој, со силни институции, со…
Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) преку прес-конференција на Стефанија Кузмановска излезе со остри критики кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја дека преку новите законски измени директно удира врз студентскиот стандард и крати од поддршката за младите. Според Кузмановска, наместо подобрување на условите, власта воведува категоризација на студентските домови во два типа – енергетски ефикасни и нереновирани објекти, што според неа ќе создаде класни поделби. „Во превод – богатите ќе можат да престојуваат во реновирани домови со подобри услови, а сите останати во старите и нереновирани домови. Власта крати и од поддршката на студентите за сместување и исхрана. За домовите од Тип…
Денеска во Скопје официјално беше отворен 11-тиот Форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), во организација на Министерството за европски прашања и во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива. Форумот, кој оваа година се одржува под мотото „Accelerating EUSAIR: From Commitment to Impact“, обедини министри, претставници на Европската комисија, регионални институции, локални власти, меѓународни организации, граѓанскиот сектор и млади од земјите учеснички во Јадранско-јонскиот регион. Во своето воведно обраќање, Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, истакна дека макро-регионалната соработка денес претставува стратешки инструмент за зајакнување на стабилноста,…
Главниот град Скопје денеска е домаќин на 11-тиот Форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), значаен регионален настан кој отвора простор за дијалог и размена на искуства. На настанот, покрај министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, како говорник се обрати и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски во своето излагање посочи дека во време на брзи геополитички предизвици, економски притисоци и демографски трансформации, заедничкото дејствување на земјите е од клучна важност. „Регионалната соработка не е избор, туку неопходност. Само преку заеднички, координирани и одговорни напори можеме да градиме стабилен развој, посилна економска поврзаност, подобра инфраструктурна и…
Поранешниот функционер Андреј Жерновски преку статус на социјалните мрежи упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, министерот Тимчо Муцунски и владејачката коалиција, обвинувајќи ги за двојни стандарди по одржувањето на политичкиот собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ во Куманово. „Замислете само што ќе се случеше ако утре во Македонија се организира, на пример, митинг за поддршка на Радев. Мицкоски, Муцунски и целата нивна орбановска медиумска мрежа ќе врескаше за „мешање во внатрешни работи“, „загрозен суверенитет“, „национално предавство“ и ќе држеа прес-конференции на секои два часа. Ама кога во Куманово јавно се организира политички собир за поддршка на братот…
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма…
