Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зимата рано се буди: Метеоролозите откриваат кога паѓа првиот снег во Македонија
    • Македонија се создаваше низ лелеци и крици, не низ аплаузи: Премиерот со силни пораки за Денот на Македонската борба
    • Скопјанка оштетена за 2.000 евра: Се претставил како катастарец и ѝ ветил приватизација на државно земјиште
    • Полициска акција ширум Скопје и околината: Приведени повеќе лица поради поседување дрога
    • Доделени државните награди „23 Октомври“: Јолевски, Стојков и Лилчиќ Адамс се годинешните лауреати
    • Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови
    • Мицкоски: Откако сум премиер сите говорат за желбите, а никој за планините што ги носам
    • Франција пред нов бран протести како во короната: Воведени полициски час и забрани за собири, затворен музејот Лувр
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Кузмановска: Со новите законски измени се кратат стипендиите и се поскапуваат студентските домови

    (ВИДЕО) Кузмановска: Со новите законски измени се кратат стипендиите и се поскапуваат студентските домови

    19.05.2026 во 12:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) преку прес-конференција на Стефанија Кузмановска излезе со остри критики кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја дека преку новите законски измени директно удира врз студентскиот стандард и крати од поддршката за младите.

    Според Кузмановска, наместо подобрување на условите, власта воведува категоризација на студентските домови во два типа – енергетски ефикасни и нереновирани објекти, што според неа ќе создаде класни поделби.

    „Во превод – богатите ќе можат да престојуваат во реновирани домови со подобри услови, а сите останати во старите и нереновирани домови. Власта крати и од поддршката на студентите за сместување и исхрана. За домовите од Тип 1, наместо досегашните 50%, државата ќе покрива само до 40% од трошоците. За домовите од Тип 2, партиципацијата останува до 50%“, изјави Кузмановска.

    Од СДММ реагираат дека со овие измени се укинува и ковид-мерката на претходната власт за поддршка до 6.000 денари за приватно сместување или меѓуградски превоз, а се намалува и процентот на стипендии наменети за социјално ранливите категории на студенти од 49% на 40%.

    „За ваква ли грижа за младите зборува Мицкоски? Со кое лице им вели на младите „не се иселувајте“, кога истиот тој ја крати поддршката,создава систем во кој образованието станува привилегија, а не право?“, запраша таа.

    Од подмладокот на опозицијата додаваат дека ваквите чекори само дополнително ќе го забрзаат иселувањето на младите луѓе од државата кои ќе бараат поправеден систем на странските универзитети.

    „Социјалдемократската младина на Македонија бара итно повлекување на ваквото неправедно законско решение. Оваа расипничка и криминална власт ни ја одзема и последната надеж дека тука може достоинствено да се образуваме, да живееме, и да напредуваме“, заклучи Кузмановска.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.