- Митева: Нема мешање во правосудството, но нема ниту толеранција за корупцијата
- Министерството за транспорт ја заврши една од главните артерии во Кочани
- Инцидентот во Ла Манш е знак на нервоза кај Русите
- Трамп од самитот на Г7: САД наскоро повторно воведуваат санкции за руската нафта
- Митева: Водиме дипломатија со интегритет
- (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Го вратив сјајот на фонтаните во Скопје
- Полицијата однесе 15 лица зад решетки: Сите возеле без дозвола
- Предложен притвор за мажот што ги запали автомобилите на бугарската амбасада
Author: Author 04
Православните христијани во Македонија денеска со голема радост го прославуваат Рождеството Христово – Божик. Празничната атмосфера започна уште во раните утрински часови, кога верниците ги преплавија храмовите на Македонската православна црква-Охридска архиепископија. Централното чествување традиционално се одржува во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Со божикната литургија чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија. Верниците, по долгиот шестнеделен пост, денеска се причестуваат и го прославуваат празникот во кругот на своите семејства, споделувајќи ја радосната вест за раѓањето на Спасителот со поздравот „Христос се роди – Навистина се роди!“.
Македонија денеска се наоѓа под влијание на силен циклон кој носи нестабилно време. Според метеоролозите, не очекуваат обилни врнежи од дожд, кои локално ќе надминат 25 литри на метар квадратен, особено во попладневните и ноќните часови. Покрај дождот, денешниот ден ќе го одбележи и силен јужен ветер, чија брзина ќе надминува 60 километри на час. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурни вредности за денес:
Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, и понатаму ќе остане во затворски притвор. Специјалниот суд за борба против корупција (СПАК) денеска го одби неговото последно барање за поблага мерка, оставајќи го зад решетки каде што се наоѓа од октомври 2024 година. Мета се товари за тешки кривични дела во обемен предмет кој обединува три големи истраги: Во истиот предмет е опфатена и неговата поранешна сопруга Моника Круемади, која за разлика од него, се брани од слобода со мерка за задолжително пријавување во суд.
Министерството за здравство ја заокружи кампањата против пиротехниката со шокантни податоци за повредите за време на дочекот на Новата година. И покрај обемните едукации, дури седум лица, меѓу кои пет деца и двајца возрасни, се здобиле со траен инвалидитет поради невнимателно користење петарди. Лекарите од Универзитетската клиника за пластична хирургија и Ургентниот центар извршиле сложени интервенции, вклучувајќи и ампутации на делови од прсти. „Овие седум интервенции се потсетник дека за секоја повреда следува долг процес на лекување и трајни последици. Фактот дека кај деца била потребна ампутација доволно зборува за тежината на последиците“, порачаа надлежните на денешната прес-конференција.
Обилниот снег денеска предизвика вистински колапс во Холандија, оставајќи илјадници патници заглавени на аеродромите. Најкритична е состојбата на еден од најголемите европски аеродроми, „Схипхол“ во Амстердам, каде што се откажани околу 500 летови. Поради екстремните услови, дојдовниот авионски сообраќај беше целосно суспендиран до пладне, а десетици авиони беа принудени да слетаат на алтернативни аеродроми во соседните држави. „Временските услови се екстремни. Безбедноста на патниците е приоритет, поради што голем дел од операциите се во прекин“, јавуваат светските агенции.
Вчера во 12:20 часот во СВР Скопје, од Казнено- поправната установа Затвор-Идризово е пријавено дека околу 10:00 часот во установата, при извршен преглед над осуденикот Х.И.(49) од кичевско, кој претходно се вратил од викенд отсуство, била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од МВР.
Најновите податоци на Народната банка потврдуваат дека недвижностите во главниот град продолжуваат со вртоглав раст. Во четвртиот квартал од минатата година, цените на становите во Скопје поскапеле за неверојатни 25 проценти на годишно ниво. Статистиката покажува континуиран нагорен тренд во текот на целата измината година, при што третиот квартал исто така бележеше раст од 25,1%. Колку е сериозна состојбата на терен покажуваат податоците од Катастарот: И покрај овие високи суми, побарувачката за станови останува висока, што дополнително го подгрева пазарот на недвижности во Скопје.
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска информираше дека Македонија се подготвува за врвот на сезоната на грип, кој се очекува да настапи во наредните две до три недели. Иако во моментов бројот на заболени не е алармантен во споредба со минатите години, сепак се очекува зголемен притисок врз здравствените установи во претстојниот период. Како клучна одбрана, министерот ја истакна вакцинацијата, откривајќи дека оваа година е постигнат рекорд во интересот на граѓаните. „Задоволство ми е да информирам дека оваа година првпат 77.000 граѓани веќе се вакцинираа против грип. Тоа е најдобриот пристап за да се креираат услови за телото да биде…
Утре (06.01.2026), по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде…
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес од Новаци, најави дека управувањето со отпадот и намалувањето на аерозагадувањето се меѓу врвните приоритети на неговиот мандат. Во таа насока, денес започна реализацијата на регионалниот модел за управување со отпад, со инвестиција од околу 11 милиони евра во опрема за селекција и транспорт.‘Проектот ќе опфати над 400.000 граѓани од 18 општини во Пелагонискиот и Југозападниот регион и е директно поврзан со идниот регионален центар за управување со отпад во Новаци, како и со претоварните станици во Прилеп, Охрид, Кичево и Дебар’, изјави Хоџа, додавајќи дека 2026 година ќе биде…
