Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шок за студентите: Поскапуваат студентските домови

    Шок за студентите: Поскапуваат студентските домови

    19.05.2026 во 10:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието на Република Северна Македонија по скратена постапка ги изгласа измените на Законот за студентски стандард, предложени од група пратенички на ВМРО-ДПМНЕ, кои носат сериозни промени во финансирањето на сместувањето и стипендиите.

    Со новото законско решение се воведува целосна категоризација на студентските домови во два типа. Првиот тип ги опфаќа енергетски ефикасните и реконструирани објекти, додека во вториот тип влегуваат постојните, односно нереновирани домови.

    Оваа поделба директно ќе влијае врз висината на партиципацијата за сметка на студентите. За објектите од Тип 1, државата во иднина ќе покрива само до 40% од трошоците (наместо досегашните 50%), додека за нереновираните домови од Тип 2, партиципацијата останува до 50%.

    Тоа практично значи дека престојот во реновираните домови ќе се плаќа поскапо и ќе се утврдува според реалните трошоци, што веќе отвора стравувања во јавноста од создавање „двокласен систем“ каде подобрите услови ќе бидат достапни само за оние кои можат да платат повеќе.

    Сериозни промени претрпува и самиот систем за државно стипендирање, каде што се менува соодносот на квотите за распределба:

    • Социјални категории: Квотата се намалува од 49% на 40% (тука сега се вклучуваат и студентите со ретки болести и попреченост).
    • Стратешки интереси: 35% од стипендиите се наменети за дефицитарни студиски програми.
    • Успех: 25% се резервирани за студенти со особен успех во учењето.

    Дополнително, со новиот закон целосно се бришат одредбите кои беа донесени како помош за време на ковид-кризата. Со ова, студентите кои нема да успеат да добијат место во државен дом, повеќе нема да имаат законско право на месечен надоместок до 6.000 денари за приватно сместување или за покривање на трошоците за меѓуградски превоз.

    Иако во официјалното образложение се тврди дека законот нема дополнителни фискални импликации врз државниот Буџет, во јавноста веќе пристигнуваат критики дека државата постепено ја намалува својата финансиска поддршка и го префрла товарот врз семејствата на студентите.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.