Author: Author 04

Почитувани, Филипче по големите реформи што ги направи во СДС, отиде да одмори за празниците токму во Дубаи кај Заев или пак во неговиот стан за кој јавноста не доби одговор, дали е негов или не, реќе на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Големиот предводник на опозицијата, толку се умори од лагите и манипулациите што ги искажа во јавноста, да мора да одмори не било каде, туку дома во Дубаи, истакна Манасиевски. „Сепак доктор Филипче, се уште молчи и не дава одговор за потеклото на златната виза, за која веќе сите ги знаат условите како може да се добие. Минимум…

Повеќе

Македонија влегува во фаза на изразено студено време под влијание на силна воздушна маса од север. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во среда се очекува засилен до силен северен ветер кој дополнително ќе го зголеми чувството на студ. Главните карактеристики на претстојниот бран се: Температурите на повеќе места низ земјава ќе останат под нулата во текот на целиот ден. Студот продолжува, проследен со умерен до засилен северен ветер. Промена на правецот на ветерот во јужен и услови за појава на слаб дожд, додека на планините се очекуваат врнежи од снег.

Повеќе

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во кочаниската дискотека „Пулс“, каде свои искази дадоа законските застапници на оштетените. Највпечатливо беше сведочењето на мајката на 24-годишниот Андреј Петрушев, кој загина во кобната ноќ на 16 март. Таа пред судот ја опиша својата болка, нагласувајќи дека нејзиниот син бил повикан на испомош во „Пулс“ од сопственикот Дејан Јованов само неколку часа пред трагедијата. Иако бил уморен по смената во ресторан каде работел, Андреј сепак отишол во дискотеката. „Сега дури сум љубоморна на една личност, што е најодговорна за тоа што се случи, што неговиот син е покрај него, а…

Повеќе

Полицијата во Кавадарци вчера приведе 43-годишен жител на градот поради агресивно однесување кон службени лица. Инцидентот се случил на улицата „Миле В’чков“ во моментот кога полициските службеници извршувале работни задачи. При приведувањето на лицето со иницијали Т.С., извршено е алкотестирање при што биле измерени рекордни 3,13 промили алкохол во неговата крв. „Т.С. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштија од СВР Велес.

Повеќе

Тројца турски полицајци беа убиени, а девет други ранети во размена на оган со членови на терористичката група Исламска држава за време на антитерористичка операција во покраината Јалова, соопштија властите. Судирот се случил околу 3 часот наутро по локално време, кога полицијата извршила рација во куќа во селото Елмалик, на околу девет километри од центарот на Јалова на северозападниот дел од земјата. Се претпоставувало дека членови на Исламска држава престојуваат во куќата. Осомничените отвориле оган кога полицијата се приближила. Според достапните информации, шест членови на Исламска држава биле убиени во судирот. На ранетите полицајци им била укажана медицинска помош во…

Повеќе

Сведочењето на Марија Петрушева во случајот со пожарот во Кочани понуди нови докази за хаосот и пренатрупаноста во дискотеката „Пулс“. Според нејзиниот исказ, иако нејзиниот син Андреј бил уморен, тој морал да се појави на работа во еден часот по полноќ по инсистирање на сопственикот поради големиот број посетители. Петрушева ги опиша „сцените од пеколот“ пред објектот каде со сопругот ги барале своите деца. Додека сопругот влегувал во чадот, таа ги проверувала децата кои лежеле надвор. „Јас се наведнав да ги обрќам децата, да видам дали е некој од нив. Тие деца кои ги гледав таму, не сфаќав дека се…

Повеќе

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во кочаниската дискотека „Пулс“, со сослушување на родителите на настраданите. Марија Петрушева, мајка на починатиот Андреј, низ солзи го опиша моментот кога во болницата во Кочани дознала за смртта на својот син. Петрушева раскажа дека на болничките ходници владеел вистински ужас, каде гледала голем број повредени и настрадани деца. Кога го пронашла својот син, тој немал видливи изгореници, што кај неа разбудило надеж дека е жив. „Изгледаше толку живо што не верував дека е мртов. Почнавме да му даваме вештачко дишење. Тој испушташе некои необични звуци, мислев дека се враќа, мислев…

Повеќе

Лишени од слобода осум возачи во Тетово, Гостивар, струшко, кичевско и во Прилеп затоа што управувале возила со брзина многу поголема од дозволената На 28.12.2025 во 11:20 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.И.(23) од Тетово. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час. На 28.12.2025 во 11:50 часот на регионалниот пат с.Желино-с.Јегуновце -с.Сиричино во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода И.Р.(41)…

Повеќе

Грчкиот граничен премин Ники, кој е поврзан со македонскиот премин Меџитлија, денеска е затворен за сообраќај за сите товарни моторни возила, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Според добиените информации, прекинот на сообраќајот за камионите е со временско ограничување. Затворањето започна во 10:00 часот и ќе трае до 16:00 часот. На возачите на товарни возила им се препорачува да го прилагодат своето движење или да ги користат алтернативните гранични премини кон Грција во овој временски период.

Повеќе

Денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ започна со сериозна опомена од судот. Судијката Дијана Груевска Илиевска информираше дека во келијата на првообвинетиот Дејан Јованов, кој се наоѓа во притвор во затворот во Куманово, бил пронајден мобилен телефон „Нокиа“ со СИМ картичка. Судијката упати остар укор до сопственикот на дискотеката, предупредувајќи го на последиците доколку ваквиот прекршок се повтори. „Не знам кој ви ги носи, не знам, но сега ќе дадам опомена. Да не се повтори. Следниот пат ќе забранам посети“, го укори судијката Груевска Илиевска првообвинетиот Јованов. Инаку, на денешното рочиште, кое доцнеше поради отсуство на еден од адвокатите,…

Повеќе