Close Menu
Press24
    Најново

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Манасиевски: Филипче славеше победа на Бугарија на Евровизија за да им се додвори

    (ВИДЕО) Манасиевски: Филипче славеше победа на Бугарија на Евровизија за да им се додвори

    18.05.2026 во 11:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека неговите постапки се насочени против македонските национални интереси.

    Според Манасиевски, партискиот лидер на опозицијата покажал несоодветно однесување во однос на соседните држави со цел да добие политички поени.

    „Уценетиот Филипче е толку антимакедонски настроен и за да се додвори уште повеќе на Бугарија ја славеше нивната победа на Евровизија“, изјави Манасиевски.

    Тој додаде дека проблемот не е во музичкиот вкус на лидерот на СДСМ, туку во фактот што поддршката доаѓа во време кога официјална Софија во континуитет го негира македонскиот идентитет.

    Од владејачката партија тврдат дека Филипче одбива да ги осуди навредите кои пристигнуваат од бугарските власти и дека би ги прифатил уставните измени без дополнителни гаранции.

    Манасиевски обвини дека ваквиот однос се должи на наводни уцени од бугарски политички кругови поврзани со минати активности од периодот на владеењето на СДСМ.

    На крајот од своето излагање, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека опозициската партија се соочува со историски најнизок рејтинг кај граѓаните.

    Од партијата заклучуваат дека СДСМ во моментов е четврта политичка сила во Македонија и дека на следните избори се соочува со ризик целосно да исчезне од политичката сцена.

    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.