Author: Author 04

Денес во општина Мајданпек е прогласена вонредна состојба поради проблеми предизвикани од замрзнат дожд. Поради замрзнатиот дожд што ја оштети електричната мрежа, жителите на Мајданпек и околните села се без електрична енергија, а Мајданпек е исто така без греење, изјави за Танјуг градоначалникот на Мајданпек, Драган Поповиќ. „Екипи се на терен и работат на санирање на дефектите, но силните ветрови им ја отежнуваат работата, па затоа сè уште не знаеме кога ќе се нормализира снабдувањето со електрична енергија“, рече Поповиќ. Мобилната телефонија не работи во Мајданпек, а нема ни интернет. Претходно поради снег беше прогласена вонредна состојба во Лозница, Осечина,…

Повеќе

Од вчера попладне, главна тема во Србија дефинитивно е снегот, кој континуирано паѓа до денес. Целата земја е во хаос поради обилни врнежи од дожд, сообраќајот е тешко движен, такси услугите и автобусите не одат до одредени места, а луѓето се во голема мера незадоволни бидејќи не можат да стигнат до болници, работа или каде и да се упатат. Сепак, има и такви на кои ова навистина им се допадна. Имено, социјалните мрежи се преполни со видеа од деца кои се санкаат на разни начини, а тие дефинитивно ја оставиле својата имагинација да се опушти. Како што веќе беше најавено,…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ш.М.(30) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.08.2025 на ул. „Боро Шаин“ во Струга, полициски службеници го затекнале пријавениот како фрла кеса со марихуана, која е пронајдена и одземена.

Повеќе

Вчера во 11:54 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Столарска“ во Битола, патничко возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(65) од Битола, удрило во 58-годишната Е.Т. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Т., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Повеќе

Црна вест го потресе Дебар денеска претпладне. 40-годишниот жител на градот, К.С., го загуби животот откако паднал од станбена зграда во изградба на улицата „Братство Единство“, каде што извршувал работни задачи. Инцидентот се случил околу 11:15 часот. Иако екипата на Итната медицинска помош веднаш реагирала, несреќниот маж починал на пат кон Општата болница во Дебар. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека случајот во полицијата е пријавен од страна на медицинските служби откако била констатирана смртта.

Повеќе

Македонија се соочува со силен бран на грип, а бројките растат со вртоглава брзина. Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, предупредува дека пикот на вирусот се очекува во втората половина на овој месец и почетокот на февруари. Поради ова, Комисијата ја разгледува можноста за пролонгирање на почетокот на школската година. „Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека бројот на заболени може да биде дополнително зголемен. Доколку е потребно, ќе дадеме препорака за пролонгирање на второто полугодие“, изјави Андоновска.Најновиот извештај на Институтот за јавно здравје покажува застрашувачки податоци – само во периодот од 29 декември до 4 јануари се регистрирани 1.725…

Повеќе

Од утре (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот, граничниот премин Меџитлија (Ники) ќе биде под целосна блокада за товарниот сообраќај. Како што информираат од АМСМ, причина за прекинот е протестот на грчките земјоделци кои најавија радикализација на своите активности. Забраната за движење на камионите ќе трае точно 48 часа, односно сè до сабота (10.01.2026) во 10:00 часот. Превозниците се советуваат да ги пренасочат своите рути кон останатите гранични премини.

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) официјално активираше жолто ниво на предупредување поради опасност од нови поплави. Според метеоролозите, постои сериозна потенцијална опасност од локално излевање на реките, но и на суводолиците кои по обилните дождови можат брзо да се наполнат и да предизвикаат штети. Ова предупредување доаѓа во момент кога земјата веќе се соочува со поплавени домови во Кичево и Охрид, а властите апелираат на максимална будност кај населението кое живее во близина на водните текови.

Повеќе

Директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата по обилните врнежи и ги повикува граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, истите да ги пријават на бројот 112. Според пријавите и интервенциите до 21:00 часот на 07.01.2026 година: Гостивар – Стража: одрони на патот, сообраќајот се одвива редовно. Тетово – Бањиче: одрони покрај коловозот кои отежнуваат сообраќајот. С. Балин Дол: излевање на Вардар; поплавени 10 земјоделски парцели и неколку дворови; намалено производство на ХЕЦ Маврово. С. Мало Турчане и с. Горно Бањице: излевање на Лакавичка и Сушичка река;…

Повеќе

Силното невреме предизвика серија одрони и излевања на реките во западниот и полошкиот регион. Реката Вардар веќе се излева во атарот на селото Балин Дол, додека кај Гостивар и Тетово сообраќајот е во прекин или се одвива со големи тешкотии поради одрони на патните правци кон Стража и Бањиче. Критични точки и состојби: Надлежните институции продолжуваат со деноноќно следење на водостоите, бидејќи врнежите најавени од УХМР продолжуваат и во текот на ноќта.

Повеќе