Close Menu
Press24
    Најново

    Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

    08.11.2026 во 13:03

    Тгегедија кај Загреб: Се преврте автобус со српски таблички, загинаа две лица, а повеќе се повредени

    08.11.2026 во 12:39

    Филков: ЕК го потврди сработеното – за две години ги поставивме темелите за реформа на правосудството

    08.11.2026 во 12:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард
    • Тгегедија кај Загреб: Се преврте автобус со српски таблички, загинаа две лица, а повеќе се повредени
    • Филков: ЕК го потврди сработеното – за две години ги поставивме темелите за реформа на правосудството
    • (ВИДЕО) Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага
    • Физички напад во угостителски објект во Охрид: 19-годишно момче нападнато на кејот
    • Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени го погоди централниот дел на Јапонија
    • До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија
    • Македонија заслужува ЕУ сега: Светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

    Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

    08.11.2026 во 13:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард. Додека денес не бираат средства со кои ја напаѓаат Владата, во 2019 година, во времето на Заев и Филипче од Венецуела во Македонија беа слеани 110 милиони евра во струмички фирми блиски до Заеви, изјави Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

    „Да потсетиме, тогаш Венецуела беше под меѓународни санкции, но тоа за Владата на Заев и Филипче не беше важно.

    Истражувачки новинари, тогаш открија дека тие 110 милиони евра биле првата транша од планирате дури милијарда и 600 милиони евра“, рече тој.

    Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, чии вистински сопственици биле латиноамерикански државјани, а дел од парите оделе и преку руски банки, додаде во изјавата.

    „Каде има криминал, корупција и уништување, таму се Филипче и Заев.

    Затоа денес се гласни, затоа што имаат за цел да уништат банка, да шират паника дека ќе им пропаднат парите на клиентите, и да дојде бизнисмен близок до Заев да ја преземе банката. Тие гледаат само корист.

    Додека е Мицкоски претседател на Владата, банка нема да пропадне, а граѓаните ќе бидат заштитени“, соопшти Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

    Прочитај повеќе

    Филков: ЕК го потврди сработеното – за две години ги поставивме темелите за реформа на правосудството

    08.11.2026 во 12:29

    (ВИДЕО) Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага

    08.11.2026 во 12:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.