Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага

    08.11.2026 во 12:18

    Физички напад во угостителски објект во Охрид: 19-годишно момче нападнато на кејот

    08.11.2026 во 12:03

    Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени го погоди централниот дел на Јапонија

    08.11.2026 во 12:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага
    • Физички напад во угостителски објект во Охрид: 19-годишно момче нападнато на кејот
    • Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени го погоди централниот дел на Јапонија
    • До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија
    • Македонија заслужува ЕУ сега: Светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција
    • АД ЕСМ демантира: Нема доцнење на платите, административните усогласувања се поради промена на податоци на над 140 вработени
    • СДСМ најави законско решение за професионалните војници: Бараат еднакви отпремнини, повисоки плати и трајно вработување
    • Народната банка носи одлуки, а не партиите: ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обвинувањата за „Алта банка“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија заслужува ЕУ сега: Светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

    Македонија заслужува ЕУ сега: Светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

    08.11.2026 во 11:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во резолуцијата на Либералната интернационала усвоена изминатата недела на конгресот во Бангкок. Резолуцијата истакнува дека 78% од македонската економија е поврзана со европската и дека претворањето на евроинтеграцијата во подвижна цел за Македонија и за земјите кандидатки води кон слабеење на европските позиции.

    Предлозите од оваа резолуција носат директни решенија за секојдневните маки на македонските граѓани и бизниси – крај на повеќечасовните чекања за камионџиите на границите поради новиот ЕЕС-систем, ослободување од дополнителни такси за влез во ЕУ како новиот ЕТИАС-систем, слободно движење и работа ширум Европа, како и силна економска ињекција преку фондовите што ќе го подобрат стандардот на граѓаните.

    ЛДП во континуитет истакнува дека е потребна редовна координација на меѓународните секретари и раководствата на партиите кои имаат членство во меѓународните и европските политички семејства за да се промовираат координирани национални позиции. Водењето надворешна политика водена исклучиво од интересите на една партија е погрешно и штетно.

    На овој значаен настан, Емил Кирјас ја доби силната доверба и реизбор за потпретседател на светското либерално семејство, потврдувајќи го угледниот македонски глас на меѓународната сцена.

    „Од либералите имаме постојана, директна и сесрдна поддршка. Тоа е последица на напорна работа, блиски контакти, искрени односи и непоколебливо држење до вредностите. Тоа државата мора да го искористи сега, а не утре,” изјави по усвојувањето на резолуцијата потпретседателот на ЛИ, Емил Кирјас.

    “Како народ и како нација немаме луксуз да чекаме подобри времиња преку илузорни странски гаранции. Градењето функционална, правична, некорумпирана и здрава држава, со самозаштитни клаузули за европската иднина и економскиот просперитет, мора да биде заедничка обврска за сите. Мора да ја промениме реалноста во која доминираат манипулациите и празните говори, наместо конкретните резултати“, додаде Кирјас.

    ЛДП останува отворена да ги поддржи вистинските државни интереси кои водат кон итно деблокирање на европските интеграции и конкретни придобивки за македонските граѓани и македонскиот бизнис.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага

    08.11.2026 во 12:18

    СДСМ најави законско решение за професионалните војници: Бараат еднакви отпремнини, повисоки плати и трајно вработување

    08.11.2026 во 10:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.