31-годишен жител на Крива Паланка е пронајден откако е пријавена кражба во куќа, а тој во службен разговор го признал делото.
На 27 ноември во 21:04 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во периодот од 26 до 27 ноември со употреба на сила било влезено во куќа во градот, сопственост на Н.А., од каде биле одземени повеќе предмети.
По преземени мерки, полицијата го пронашла Р.Б.(31) од Крива Паланка, кој го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

