12-годишно девојче било физички нападнато од две малолетнички во соблекувална на спортска сала во Илинден.
Случајот бил пријавен завчера во 21:00 часот во СВР Скопје од нејзиниот татко, 44-годишен жител на скопско.
Според пријавеното, нападот се случил по претходно меѓусебно нетрпение. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

