39-годишна скопјанка била приведена во Карпош откако агресивно се однесувала кон полициски службеници, а при проверка било утврдено дека има 2,88 промили алкохол во крвта.
На 28 ноември во 04:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Д.П.(39).
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

