- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две државјанки на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека вршеле повеќе кривични дела – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Првата осомничена во пет наврати, од кои последниот пат заедно со второосомничената, од различни лица крадела паричници, во кои покрај парични средства имало и банкарски картички од кои потоа се обидувале да повлечат и дополнителни износи. Така на 04.04.2025 година, во автобус бр.7 на ЈСП-Скопје, на релација од поликлиника Букурешт до Рекорд, осомничената украла паричник во кој имало 2.600 денари, банкарска картичка и други документи, а кога оштетениот…
Драматични сцени попладнево доаѓаат од Ѓаковица, каде избувна огромен пожар во фабриката за душеци „Комодита“ (Comodita). Густ црн чад го прекри градот, а пламенот е видлив од километри. Полицијата потврди дека дојавата за пожарот на улицата „Ѓерѓ Соколи“ пристигнала околу 16:40 часот. На терен се сите расположливи противпожарни екипи кои се борат со огнената стихија од големи размери. Полициските единици го обезбедуваат просторот, додека пожарникарите прават натчовечки напори да го локализираат огнот пред да се прошири на соседните објекти.
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови. Според последните информации, слаб снег кој не се задржува на коловозот моментно провејува на Попова Шапка, Стража, Македонски Брод и планинскиот превој Буково. Клучни препораки и состојби: Возачите се повикуваат на прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, со оглед на променливите временски услови кои ги прават патиштата лизгави.
Од денеска во 17:00 часот, главниот граничен премин кон Грција, Богородица – Евзони, е во целосен прекин. Како што информираат од АМСМ, границата е затворена за сите видови возила, а блокадата се очекува да трае цели 48 часа, односно до сабота (10.01.2026) до 17:00 часот. Истовремено, хаос има и на преминот Меџитлија (Ники), каде е на сила забрана за движење на товарни моторни возила. За разлика од Богородица, на овој премин патничките автомобили засега можат да поминуваат со нормален тек. Превозниците и патниците се советуваат да ги одложат своите патувања или да користат алтернативни правци.
Џесика Морети, сопственичка на барот „Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана, каде што загинаа 40 лица на новогодишната ноќ, наводно е снимена како го напушта објектот со каса полна со пари за време на пожарот, според италијанскиот весник „Ла Република“. Се вели дека Морети ги игнорирала повиците за помош и продолжила со своите дневни обврски на касата додека гостите се бореле да избегаат од пламенот. Французинката веќе е под истрага под сомнение за убиство од небрежност и нанесување сериозни телесни повреди на 119 повредени лица, од кои некои сè уште се борат за своите животи. Истражителите веруваат дека пожарот е…
Николоски од Скудриње: Патиштата се чисти и проодни, „Македонија пат“ е на терен со целиот капацитет
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска изврши увид во расчистувањето на патните правци кај Скудриње, Маврово и Косоврасти. Тој упати јавна благодарност до тимовите на „Македонија пат“ кои деноноќно работат за да обезбедат нормален проток на сообраќајот среде обилните снежни врнежи. „Би сакал да честитам на прекрасниот тим на Македонија пат, на овие вредни луѓе кои ги одржуваат чисти патиштата. Ставени се во функција сите камиони, а помагаат и ангажираните приватни компании“, истакна Николоски, нагласувајќи дека на ниво на цела држава сообраќајот се одвива без застои.
Трагичната смрт на 16-годишно девојче во хотел во Виена ја крена Австрија на нозе и ги откри застрашувачките методи на нарко-картелите. Иако околностите за нејзината смрт сè уште се истражуваат, австриските медиуми пренесуваат сведоштва кои укажуваат на организирана мрежа за експлоатација на малолетнички. Според психијатрите, девојчињата на возраст од 14 до 16 години се примарна мета на дилери кои ги мамат на железничките станици со ветувања за бесплатна дрога и „добар живот“ во главниот град, што најчесто завршува со фатален исход или брутална злоупотреба.
Откако беше погодена од силни ветрови, обилни врнежи од снег и обилни дождови во последните денови, Италија денес беше погодена од интензивен студен бран со температури кои паднаа под -20 степени Целзиусови, објавува Анса. Регионот Венето, во североисточна Италија, е особено силно погоден, со температури под нулата низ целиот регион, од планините до рамнините. Во областа Марчезина во покраината Виченца, на надморска височина од 1.310 метри, термометарот покажуваше дури -23,1 степени Целзиусови, додека на врвот на планината Мармолада беше -21,9 степени Целзиусови. Регионот Молизе, во централна Италија, исто така е силно погоден, со затворени училишта во неколку општини, како и…
Една земја одлучи да стави крај на она што со години ги вознемируваше милиони луѓе низ целиот свет. Рекламите на YouTube што не можат да се прескокнат наскоро повеќе нема да бидат дозволени, благодарение на новите правила што директно го менуваат начинот на кој функционира онлајн рекламирањето. Виетнам го усвои Уредбата бр. 342, која прецизно ги регулира измените на Законот за рекламирање. Уредбата стапува на сила на 15 февруари 2026 година и носи многу построга контрола врз дигиталното рекламирање, со јасна цел да се заштитат корисниците и да се борат против лажните реклами на интернет. Најважната промена се однесува на…
Танкер за нафта со знаме на Палау, „Елбус“, кој пловел кон руското пристаниште Новоросијск, бил погоден од дрон во Црното Море, соопштија поморски извори. Бродот побарал помош од турската крајбрежна стража и го пренасочил патот, но немало извештаи за загадување или повреди меѓу 25-те членови на екипажот, објави „Ројтерс“. „Лојдс Лист Интелиџенс“, специјализирана агенција за поморски податоци, соопшти дека бродот претрпел „напад со беспилотно поморско возило и дрон“ насочен кон неговата машинска просторија во среда (7 јануари). Независен извор за поморска безбедност го потврди нападот со дрон, но не е јасно кој стои зад инцидентот. „Елбус“, кој пловел од Сингапур…
